Кај напредните форми на рак кето диетата го продолжува периодот на опстанок за три до пет пати – ова се резултатите од две неодамнешни студии.
Кетогената диета е режим на исхрана со многу низок внес на јаглени хидрати (5% до 10%) при што најголем дел од калориите доаѓа од масти (50% до 80%). Бидејќи од истражувањата е познато дека клетките на ракот се хранат со гликозата (шеќерот) од крвта, намалениот внес на јаглени хидрати (кои неминовно се претвораат во гликоза) би значел помалку гориво за раст на карциномот, а со тоа и значително поголеми шанси организмот да се избори со него. Оттаму, кето диетата претставува потенцијално моќно оружје за борба против разни видови рак.
Во последните неколку години спроведени се клинички истражувања и добиени се првите позитивни резултати за успешноста на кетогената исхрана против карцином.
Краток преглед на две такви студии.
1. Јапонска студија објавена во 2023
55 пациенти со напреден рак биле вклучени во периодот 2013 до 2018 кои останале на кето диета најмалку 3 месеци. Пациентите биле поделени во две групи: оние што се придржувале до кето диетата подолго од 12 месеци и оние кои не издржале цели 12 месеци.
Резултати:
Во групата што успеала да остане на кето повеќе од 1 година, во просек периодот на преживување бил 55 месеци, додека во другата група преживеале едвај 12 месеци. Исто така, смртноста била намалена за околу 50% во набљудуваниот период.
Линк до студијата тука
а) Поедноставена шема на метаболизмот на гликоза и кетони во нормална мозочна клетка. б) Влијание на кетогената диета врз нормалните мозочни клетки.
2. Грчко-американска студија објавена во февруари 2025
Од 18 пациенти болни од глиобастома (најагресивниот рак на мозокот), шест останале на кето диета повеќе од 6 месеци. Мерениот исход бил опстанокот после 3 години од дијагнозата. Во кето групата 4 од 5 пациенти преживеале повеќе од 3 години, а во другата група само 1 од вкупно 12 успеал да преживее повеќе од 3 години. Смртноста во кето-групата во период од 3 години била намалена за 4,5 пати најверојатно благодарение на кето исхраната. Исто така, просечниот период на преживување бил 47,2 месеци наспроти 15,7 месеци кај пациентите кои практикувале кето помалку од 6 месеци.
Линк до студијата тука
Науката за примена на кето диетата за малигни заболувања е на самиот почеток и многу нови студии се очекуваат во годините што доаѓаат. Досегашните сознанија се доста ветувачки и даваат надеж за милиони болни од карцином.