Според едно ново истражување, намалувањето на внесот на калории може да го намали ризикот од заболувања поврзани со возраста, па може дури и да ви помогне да живеете подолго.
Луѓето вклучени во истражувањето кои го намалиле внесот на калории за 15 проценти дневно во период од две години, доживеале два потенцијално корисни ефекти, споредено со луѓето кои продолжиле со истите прехрамбени навики.Тие имале побавен метаболизам, знак дека нивните тела поефикасно ја користат енергијата и помалку "оксидативен стрес", процес кој може да ги оштети клетките.
Според истражувањето објавено во журналот Cell Metabolism, забавениот метаболизам и намалениот оксидативен стрес се поврзани со помал ризик од заболувања поврзани со возраста, како што се, на пример, дијабетесот и ракот. Истражувачите сметаат дека ова се должи на тоа што бавниот метаболизам води кон помалку оксидативен стрес, што, понатаму доведува до помало оштетување на клетките и органите во телото.
Сепак, резрезултатите од истражувањето не се доволни за конечна пресуда поради временската рамка во којашто истражувањето е спроведено - сè на сè две години, пто е премалку за со сигурност да може да се потврди дека ограничувањето на калории резултира со помал ризик од болести поврзани со возраст или подолг живот. За конечна пресуда потребни се повеќе подолгорочни истражувања.
Ова не е прво истражување во оваа насока. Веќе со децении, истражувачите забележале дека рестрикцијата на калории може да продолжи животот кај голем број видови животни, но дали ова води и до подолги животен век кај луѓето е нејасно.
Во новото истражувањебиле испитани ефектите од намалувањето на калории кај група од 53 здрави мажи и жени, без проблем со тежината, на возраст од 21 до 50 години. Учесниците биле распоредени по случаен избор во две групи, една каде преку исхраната било ограничено внесуваењто на калории и контролна група каде што учесниците јаделе по свој избор.
По две години, оние во групата со ограничување на калории ослабеле речиси 9 килограми во просек, додека оние во контролната група ја задржале нивната тежина.
За да ги разгледаат промените во метаболизмот на учесниците, истражувачите користеле "метаболна комора", која е запечатена соба која им овозможува на истражувачите прецизно да го измерат бројот на калории кои луѓето горат.
Тие откриле дека луѓето во групата за ограничување на калории гореле околу 80 до 120 помалку калории дневно отколку што би се очекувало само врз основа на нивната тежина. Ова најмногу се должи на забавениот метаболизам за време на спиењето. Учесниците во оваа група, исто така, забележаа намалување на маркерите на оксидативниот стрес.
Оние во група за ограничување на калории не почувствуваа штетни ефекти од нивната исхрана - тие не развија анемија, прекумерна губење на коскената маса или, меѓу жените, менструални нарушувања. Уште повеќе, тие всушност имале подобрувања во расположението и квалитетот на животот, велат истражувачите.