Емитер 7-12/2020.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Имате потреба од поставување безжична пристапна точка или рутер до некоја нова канцеларија? Без паника! Сè што треба да направат вработените е да го вклучат уредот во струја и воала – целосно функционална и безбедна мрежа, која може да се менаџира и одржува од кој било крај на светот, без дополнителни трошоци за поставување, без гломазен персонал за одржување. Звучи премногу добро за да биде вистинито? EnGenius нуди евтини решенија за безжично вмрежување базирани на облак, коишто овозможуваат заштеда на време и пари, заедно со можност за намалување на емисијата на јаглерод диоксид!
Водењето бизнис, од која било величина, без брз и стабилен интернет со одлична жичена и безжична мрежа, е незамисливо денес. Тоа е исто како да се обидувате да живеете без струја или без вода. Интернетот и брзата конекција се витални за сите бизниси и тоа е причината зошто безжичниот рутер наменет за приватните корисници повеќе не е соодветен за друга дејност, освен за хонорарците што работат од дома. Ако бизнисот има повеќе од една локација, ќе биде потребна цврста мрежа, која на вработените, на корисниците и на посетителите им нуди лесен пристап до стабилен интернет.
Методот на одржување безжични мрежи базиран на облак овозможува интернет-мрежа во повеќе канцеларии и низа локации, без да се јави потреба да се испраќаат техничари за поставување или одржување на мрежата. Замислете дека имате можност да испратите безжична пристапна точка или рутер до некоја нова канцеларија, а сè што треба да направат вработените е да го вклучат уредот во струја и за неколку минути да имаат целосно функционална и безбедна мрежа, која може да се менаџира и да се одржува од кој било крај на светот.
Благодарение на паметниот софтвер и врвниот инженеринг на мрежи, EnGenius сега нуди евтини решенија за безжично вмрежување коишто се базирани на облак, кои може да се постават и да се менаџираат речиси од целиот свет, од страна на секој кој има некакви познавања од ИТ.
Во овој напис ќе ги анализираме мрежниот приклучок базиран на облак EnGenius ECS1112FP и Wi-Fi пристапната точка ECW230. Обете решенија се дизајнирани така што софтверот, кој го контролира пристапот до уредите и како тие функционираат, се поставува и се складира во сервер на облак.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2020. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.