Астрономија и астронаутика

Досегашните космички бродови се изградени за учество во космичката трка која беше, можеби, најсветла точка на Студената војна. Кажано со автомобилски речник, можат да се наречат "тркачки автомобили". Иако секојдневната употреба на тркачки автомобил, да речеме болид од Формула 1, звучи примамливо, тоа тешко дека е практична. Помислете само дека ќе морате да купувате нов автомобил за секое возење. Еве три проекти за космички бродови кои можат да се опишат како патнички автомобили.


Електроника

Ако во едно минато време терминот ''слаба струја'' беше синоним за полуспроводничката електроника, денеска тоа сä помалку важи со оглед на тоа дека се развиени полуспроводници способни да спроведуваат големи струи и блокираат големи напони. Како такви, овие наоѓаат примена во апликации во кои електрониката обично не завлегувала до неодамна. Во овој текст ќе ги разгледаме GTO (Gate Turn-Off) тиристорите.


Информатика

Оперативниот систем Windows XP доаѓа со вградена алатка наречена Backup Utility, чија намена е правење бекап (backup - резервна копија) на датотеките од системот. Старо правило е дека корисниците помислуваат за правење бекап на податоците веднаш откако штетата веќе ќе биде направена, односно кога веќе е доцна за тоа. Затоа, оваа процедура ја препорачувам на сите оние кои на својот компјутер имаат важни податоци и не смеат да си дозволат нивно уништување од која било причина.


Физика

Иако основните физички закони не водат сметка за насоката на времето, туку функционираат еднакво добро во двете насоки на времето, кон напред или кон назад, нашиот универзум е, сепак, временски асиметричен. Физичарот Зин Карол ја смета таа асиметрија за неприродна и предлага модел според кој нашиот асиметричен универзум е само мал дел од еден огромен, симетричен мултиуниверзум, во кој циклички перманентно се "раѓаат" нови субуниверзуми.


Автомобилска техника

Случај 1: Го стартуваме моторот а некоја од сигналните светилки не се исклучува, т.е. си продолжува со своето светење, иако моторот е во погон. Случај 2: При возење се вклучува (засветува) некоја од сигналните светилки на инструмент таблата која означува опасност (недозволена состојба). Случај 3: При возењето некоја од светилките час засветува, час се гаси. Како да се постапува во вакви случаи? што смее да се толерира, а што не смее да се толерира?


Астрономија и астронаутика

Оваа година ќе го славиме првото набљудување на Галилео Галилеј низ телескопот пред точно 400 години, настан кој има одиграно значајна улога во научната и технолошката револуција.


Аудио и видеотехника

Минатото лето ви го претставивме одличниот МП3 плеер на SONY NWZ-A826, којшто при тестирањето нa воодушеви со квалитетниот звук што го репродуцираше. Сега добивме уште една можност за тест на друг МП3 плеер од истиот производител. Иако не се наоѓаат во истата ценовна категорија, сепак, има позитивни изненадувања во насока на отстранување на карактеристичните ситни "недостатоци" коишто досега им се припишуваа речиси на сите вокмени од Сони. Но, да почнеме со ред...


Аудио и видеотехника

Германската фирма Magnat има долга традиција во понудата на хај-фај звучници за домашна употреба, но на нашиве простори можеби повеќе е позната по одличните звучници за автомобил, а особено по моќните бас-звучници и сабвуфери. Овде ќе се задржиме на нивните хај-фај звучници од новата серија Quantum 1000, која се наоѓа на самиот врв на нивната понуда на звучници за домашна употреба.


Енергетика

Светскиот енергетски потенцијал на ветрот, претпоставувајќи дека само 10% од копнената површина на Земјата е погодна за развој, двојно ги надминува проектираните побарувања на електрична енергија за 2020 година. Доколку на овој ветер и сите останати обновливи извори на енергија кои ги споменавме во претходните написи, ја додадеме широката лепеза горива од биомаса, несомнена е светлата иднина на алтернативните и обновливите извори на енергија.


Телекомуникации

На страниците на "ЕМИТЕР" по неколкугодишен прекин повторно се навраќаме на радиоаматеризмот. Во текстот што следува дадена е куса презентација на радиоаматеризмот за истиот да се приближи до пошироката читателска публика, со цел ова хоби да се посочи како активност којашто, и покрај експанзијата на информатичката технологија и мобилната телефонија, сä уште нуди големи можности за техничко образување и усовршување, забава и рекреација на сите генерации.


Фототехника

Во првото продолжение на ова мини - дводелно издание за основите на композицијата, видовме како основните композициски техники можат да го направат едно ликовно дело благопријатно за нашето сетило за вид. Но, композициски техники има многу, ние ги обработивме само оние кои се општо прифатени, односно прифатени од повеќето ликовни уметници.


Екологија

Многу дебатираниот и озлогласен ефект на стаклена градина секојдневно ги втерува народите да размислуваат за својата иднина и постапките во сегашноста. Главното прашање е што е, всушност, ефект на стаклена градина и како да го одржиме во природните граници. Текстот што следува е само мал дел од целата приказна, но доволен за да размислите за последиците од модерниот начин на живеење.


Омнибус

Опстанува само она што се прилагодува на околината. Новата научна дисциплина, биомимикрија му нуди поддршка на човекот да опстане и да си го подобри животот, нудејќи решенија од природата. Иако 'сржта на идејата е природата, неопходна е имагинација.


Омнибус

Сè и сешто можеше да се слушне во научните кругови минатата година, а уште повеќе непроверени шпекулации и разни квазинаучни мислења и предупредувања. Меѓу другото бевме и сведоци на секакви скандали поврзани со дискутабилниот квалитет на предметите коишто секојдневно ги користиме. Еве ја листата на десетте најчудни "научни" новости од минатата година.


Автомобилска техника

Досега при споменувањето на боксер-концепцијата на моторите со внатрешно согорување се подразбираа единствено бензински мотори, но отсега па натаму терминот боксер-мотор ќе се однесува и на дизел-моторите. Заслугата за тоа ç припаѓа на реномираната јапонска марка Субару, која за следната година го најави сериското производство на дизел-мотор со боксер-конструкција, инаку, прв во светот.


Аудио и видеотехника

DensitèSeries на Miranda се уреди составени од модули кои се сместени во едно куќиште. Ова решение е одлично, бидејќи зафаќа мал простор а врши голема работа. Не се потребни комплицирани поврзувања на повеќе уреди, а исто така е поевтино отколку да се набави уред за секоја функција. Вака спакуван уред од модули е погоден за мали ТВ-станици и студија. Densitè Series на Miranda се напредни HD/SD уреди за процесирање на сигналот, за дистрибуирање и рутирање.


Аудио и видеотехника

Додека другите производители на овој вид техника срамежливо ги прават првите чекори на полето на заднинско LED осветлување кај LCD телевизорите, Самсунг ја нуди својата веќе втора генерација телевизори со ваква технологија. Новиот LE55A956 LED LCD телевизор на Самсунг се одликува со елегантен дизајн, голем контраст и неколку нови можности.


Електроника

Светот на електротехниката и електрониката длабоко е навлезен во сите области на животот, така што за многумина од нас, денес, не е визможен нормален живот без користење на достигањата во овие деејности. Но, на малкумина им е познато колку комплексна историја стои зад нивниот развој.


Електротехника

Досега имам пишувано за повеќе модели на дупчалки од линијата на производи на компанијата Макита, па можеби ќе се запрашате што е тоа што оваа дупчалка ја одделува од другите во оваа категорија. Всушност, се работи за модел кој во многу нешта наликува на неговите претходници, но се разбира дека во него има вградено и нови карактеристики. Компактноста и малата тежина се првиот адут на овој алат, кој поткрепен со ергономскиот дизајн претставува вредност што многумина ќе ја ценат.


Информатика

Во минатиот број ги погледнавме основните поими врзани за РАМ мемориите. Сега, да погледнеме како работат тие.


Информатика

Дали сакате да работите во C/C++ заобиколувајќи ги гломазните IDE-а, а при тоа вашите програми да бидат исто толку ефикасни, па дури и поефикасни во некои области? Прочитајте го овој текст и сами одлучете.


Информатика

Одржување на системот во "добра кондиција" никогаш не бил приоритет на просечниот корисник на PC. Корисниците на Windows најчесто се потпираат на вградените алатки во самиот оперативен систем, што реално гледано воопшто не е доволно. Затоа, оние на кои добрата состојба на системот им е важна, а зошто и не би била кога тоа им гарантира брза и стабилна работа, често пати бараат дополнителни алатки за оваа намена.


Омнибус

Танцот на црните дупки;
Touch-it digital на Wohler;
Опел Инсигниа - ново име за продор во средната класа;
Научната фантастика денес: нов колор 3Д печатач;
Трибина за обновлива енергија;
Новости од ХП;
Неколку откритија околу спиењето;
Небото над Македонија во февруари;
IBM ќе создаде "компјутерски мозок";
ALLIO - HDTV и компјутер;
Малициозни програми за мобилни телефони;
Микрофон ДПА 4080;


Електроника

Пред вас е ултрабрз полнач на батерии кој со сигурност "до врв" ќе ги наполни, а при тоа нема да ги оштети. NiCd и NiMH батерии со капацитет од 2000mAh ќе бидат целосно наполнети за само половина час. Полнењето е со извор на константна струја, а процесот на полнење завршува при надминување на термичкиот праг. Постои и можност за континуирано надополнување после завршувањето на полнењето.


Електроника
Електрична шема на кодираната брава

За влегување во објекти со ограничен пристап, наместо брава со клуч, честопати се користи брава со пристапен код. Кодот може да биде мемориран на картичка или во главата на корисникот. Ова второто звучи напорно, но затоа е евтино и лесно може да се реализира.


Електроника

Во речиси секоја куќа може да се најде по некој топломер. Најчестите топломери кои можат да се најдат во нашите домови се исполнети со жива или со алкохол. Овие топломери се одликуваат со релативно ниска цена за нивна набавка. Бидејќи цената на електронските компоненти е многу падната, за општа употеба полека на голема врата доаѓаат и електронските мерачи на температурата.


Фототехника

Минатиот месец заврши првиот циклус на ФотоЕМИТЕР - наградниот фотоконкурс на списанието ЕМИТЕР, каде што читателите можеа да ги презентираат своите достигнувања на полето на фотографијата. По овој повод ЕМИТЕР организираше голема Годишна завршна изложба во Мултимедијалниот центар "Мала станица" во Скопје, каде што беа доделени и трите главни награди за 2008 година.


Писма
Мистеријата наречена НЛО, измислица!
Правилно поврзување на MOLEX конекторот во напојувањето за CD ROM
Регулација на асинхрони мотори