Омнибус

Новите NH7 и KD7 плочи на ABIT;
Нови мастила за Ink-jet печатачи од Epson;
Компјутер што го штеди вашиот простор;
Фибер-оптички модем RS-485 од RAD;
Фотопечатач во џебно издание;
Автолак;
Fiat Stilo Multi wagon;
Мало, зелено - што е тоа?;
Renault Megane II;
Epson day 2002;
Sony Electronics CLIE-SJ20;
JBL creature;
Најевтиниот Lcd монитор;
Велемајстор-шаховски компјутер;
Lindows OS v2.0;


Автомобилска техника

Животот е убав! Ако човекот умее да го живее. И ако е проследен со сите оние мали и малку поголеми нешта кои се сакаат и без кои животот и нема смисла. Уште подобро е ако дел од тие нешта се поседуваат. Со C3, Citroën нè потсетува на тоа и сугерира дека токму тој може да го направи животот уште поубав.


Автомобилска техника

Автогумата е еден од најважните, ако не и најважен фактор за полесно и побезбедно управување со автомобилот во зимски услови. Една од поделбите на автогумите може да се изврши според условите за возење за кои таа е наменета и како такви тие можат да бидат летни, зимски и универзални (т.н. all season). Многу повеќе за гумите ќе следува напис во еден од следните броеви на ЕМИТЕР, а во оваа прилика следува нешто повеќе за зимските гуми.


Автомобилска техника

Се поставува едно на изглед логично прашање: која е потребата од преносникот (менувачот на брзини) во моторното возило кога и без него моторот испорачува вртливо движење и тоа во релативно широк дијапазон од околу 700 врт/мин, па сè до околу 6000 врт/мин. Потребно би било само да го пренесеме ова вртливо движење до погонските тркала и може да сметаме дека сме ја завршиле работата.


Аеронаутика

Авионот СУХОЈ-27 е проектот-меѓник во развојот на борбените авиони во руското воздухопловно биро "СУХОЈ", и се покажа како идеална платформа за развој на цела палета борбени авиони како што се: повеќе наменскиот ловец-двосед Су-30, морнаричка варијанта Су-33, јуришните бомбардери Су-32 и Су-34, ловецот за превласт во воздухот Су-35, повеќенаменскиот суперманевриабилен ловец Су-37 и С-37 - ловец со крила во форма на обратна стрела.


Астрономија и астронаутика

Феноменот црна дупка е многу необичен и бара знаења не само од класичната физика, туку и од теоријата на релативност на Алберт Ајнштајн и квантната физика. Црната дупка претставува објект кој е непоимлив за човековиот разум и во нејзината близина и внатрешност владеат толку екстремни услови што никому не би му препорачал да посети црна дупка.


Аудио и видеотехника

Развојот на аудиотехниката од секогаш бил насочен кон изнаоѓање на методи и уреди за колку е можно поверодостојно пренесување (снимање и репродукција) на музиката, која што можеме, да кажеме е постојано присутна во секојдневниот живот на човекот. Во тој контекст денес често се зборува за HI-FI репродукцијата на музиката, која по својот квалитет се приближува до квалитетот кој постои при "природното слушање".


Енергетика

Микротурбините се мали постројки за производство на електрична и топлинска енергија со моќност од 30-350 kW што може да работат на гасни или течни горива. Нивното инсталирање во комерцијални, деловни, индустриски или стамбени објекти на корисниците им овозможуваа самостојно да произведуваат квалитетна, доверлива, еколошка и пред сè евтина енергија.


Информатика

Иновациите и изработката на хардверските компоненти се движат многу динамично и вртоглаво, се појавуваат многу производители - некои со проверен, но некои и со непроверен квалитет на понудениот производ, но отсекогаш важело правилото дека само подобрите опстојуваат. MSI 645 ULTRA матичната плоча според мое мислење би требало да го задржи епитетот на класата на "подобрите", бидејќи нуди извонредни перформанси пригодни подеднакво за обичните и за професионалните корисници.


Информатика

Работите на вашиот компјутер, ви се брза, а компјутерот работи споро, се кочи и ви паѓа системот, а вашите нерви се при крај. Ова не се случуваше кога го купивте компјутерот, но сега, по неколку месеци компјутерот како да добил склероза. Не, нема потреба да се грижите. Со вашиот компјутер сè е во ред, но не и со оперативниот систем. Оперативниот систем Windows "благодарејќи" на господинот Бил Гејтс и неговиот Microsoft изобилува со пропусти и грешки.


Информатика

Вирус... не знам како се чувствувате вие кога го слушате овој збор, но јас секогаш и без исклучок се чувствувам во најмала рака непријатно, без разлика дали се работи за вируси кои ни го напаѓаат организмот или компјутерот. Со оглед на тоа дека сум информатичар, оние првите ќе им ги оставам на лекарите да се борат со нив. Компјутерските вируси стануваат сè поголема закана за безбедноста на податоците и тоа во светски рамки.


Информатика

Во информатиката постојат многу видови софтвери. Дел од нив се многу комплексни и вообичаено скапи, но многу од нив се мали, обично евтини или бесплатни, на сепак се многу корисни. Во овој напис ќе ви претставиме неколку од тие мали, но корисни програмчиња.


Телекомуникации

Револуцијата на мобилните коминукации несомнено е дека започна со појавата на целуларните ситеми за мобилна радиотелефонија. Развојот на технологијата и динамиката на живеењето која се наметнува и од ден на ден станува сè поголема, ја зголемува потребата за комуникација во секое време и на секое место. Она што во последно време добива експанзија во Европа, а и во светот е дигиталниот радиостандард за мобилни комуникации развиван и познат под името DECT.


Макетарство и моделарство

Пред да започнеме да зборуваме за воздухопловно моделарство, потребно е да научиме што е всушност воздухопловен модел, каква е таа направа и за што служи?
Воздухопловен модел е направа потешка од воздухот (аеродин) која може самостојно да лета, за разлика од балоните кои се полесни од воздухот и се нарекуваат аеростати.


Математика

За поставените задачи во декемврискиот број на ЕМИТЕР пристигнаа повеќе решенија во нашата редакција, од кои повеќето беа точни и секако ќе бидат соодветно наградени.


Воена техника

Со воведувањето на електрониката и дигитализацијата многу аспекти во секојдневниот живот се олеснати. Заради овие причини се започнати и програми во кои 1/3 од опремата кај војникот на 21-виот век ќе биде составена од електронско/дигитални уреди. Армијата на САД, но и на другите членки на НАТО имаат започнато индивидуални програми за развој и опремување на своите војници со најсофистицирана опрема, со чија помош војникот како единка би имал поголема борбена моќ во сите временски услови.


За најмладите

Илјадници километри источно од делтата на реката Нил се наоѓаат уште две реки: Тигар и Еуфрат. Меѓу нив, во земјата која се викала Месопотамија, се развивала една друга цивилизација, барем толку стара како и онаа во Египет.


За најмладите

Првиот обид човекот да ја измери големината на Земјата е направен уШте пред 2000 години. Резултатите на тој обид се вчудовидувачки точни, иако географијата во тоа време била на таков степен Што теШко може да ја наречеме дури и наука.


За најмладите

Како се родила аналитичката геометрија, како талес ја измерил пирамидата, дали броевите имаат тајни значења ... Одговори на овие и уште некои прашања врзани за и околу математиката и броевите може да најдете во овој напис


За најмладите

Зеленчукот кој што денес го одгледуваме во нашите градини е донесен од разни краишта на светот.
Многу малку го има оној со потекло од Северна Америка. На американските пазари зеленчук со потекло од тој континент, може да се сретне само топинамбурот и еден вид грав. Голема среќа е што зеленчукот донесен од другите краеви добро успева и може да се одгледува во сите градини ширум светот.


Астрономија и астронаутика

Квазарите се мистериозни небески објекти на работ на вселената, за кои научниците сè уште немаат општо-прифатено објаснување за нивното потекло.


Електроника

Генераторот на функции е еден од неколкуте задолжителни лабораториски уреди. Неговата основна намена е генерирање на сигнали со различни бранови облици, најчесто синусен, триаголен и правоаголен, кои понатаму се користат за побудување, испитување, тестирање и мерење на електронските кола. Во претходните две продолженија се запознавме со интегралното коло XR 2206 и ги анализиравме комплетните електрични шеми на сите степени и списокот на потребен материјал. Во ова последно продолжение ќе дадеме детален опис на изработката и постапките за нагодување на нашиот генератор на функции ЕМИТЕР FG-95.


Електроника

Аудиоуредите се толку навлезени во секојдневието, што нивното евентуално отсуство поради некоја неисправност, веднаш се чувствува и тоа, кај многумина како хендикеп, па се трудат да го отстранат што побрзо, дури и со сопствени сили но, без доволно познавања и без соодветни алатки, притоа и без да се побара помош од стручен сервисер. Намената на овој курс за одржување на аудиоуредите е да ги запознае и охрабри читателите на ЕМИТЕР кои сакаат да експериментираат, на љубителите на овој вид работа, на оние што секогаш се трудат да расудуваат логично за дејствата и последиците, кои веќе имаат некакво искуство или се почетници, како и на оние што професионално се занимаваат со ваква работа.


Електроника

Електронскиот гонг што ви го презентираме го добивме во кит форма (комплет делови со упатство) од скопската фирма "Е и П Електроника". Овој уред овозможува на вашето домашно ѕвонче да можете да поврзете два тастера. Покрај тоа ќе ви овозможи и лесно да откриете од кое место ви ѕвонат (доколку имате две влезни врати, а само едно ѕвонче).


Електроника

По долготрајна работа често се случува при исклучувањето на компјутерот да заборавиме да исклучиме некој од периферните уреди (монитор, активни звучници, печатач, скенер и слично). Како последица на ова се јавува беспотребно трошење на електрична енергија и можност за оштетување на самите периферни уреди. Истото се случува ако гледаме некој филм или, пак, слушаме музика преку компјутерот, а притоа заспиеме.


Информатика

Текстот што следи не е рецензија на книгата "1984" од Џорџ Орвел (George Orwell), туку мал осврт на суровата реалност која нè опкружува, а за која можеби и не сме свесни. Прислушкувањето не е производ на нашето време. Тоа го потврдува и историјата. Но, со развојот на науката и техниката, прислушкувањето и нарушувањето на приватноста се во постојан подем. Со денешната технологија оној што ве прислушкува може да се наоѓа на спротивната страна од Земјината топка. Ако во минатото, народната поговорка "И ЅИДОВИТЕ ИМААТ УШИ", имала само метафорично значење, денес нејзиното значење можеме да го сфатиме буквално.


Писма
AN7112 И AN7133
Акустичен прекинувач и мерач на индуктивност
Непотреби написи и роботика
Жица за сонда
Повторно за мостна врска