Емитер 1/2003.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Текстот што следи не е рецензија на книгата "1984" од Џорџ Орвел (George Orwell), туку мал осврт на суровата реалност која нè опкружува, а за која можеби и не сме свесни. Прислушкувањето не е производ на нашето време. Тоа го потврдува и историјата. Но, со развојот на науката и техниката, прислушкувањето и нарушувањето на приватноста се во постојан подем. Со денешната технологија оној што ве прислушкува може да се наоѓа на спротивната страна од Земјината топка. Ако во минатото, народната поговорка "И ЅИДОВИТЕ ИМААТ УШИ", имала само метафорично значење, денес нејзиното значење можеме да го сфатиме буквално.
Тоа што комшијата ви стои под прозор или некој "хакер" се обидува да ви украде информации од вашиот компјутер е ситница во однос на она што навистина се случува. Секое ваше телефонско јавување, секој ваш факс, секоја ваша e-mail порака и секој друг вид на електронска комуникација постојано е предмет на прислушкување. Сигурно си го поставувате прашањето – "Кој ме прислушкува и кој ја загрозува мојата приватност?". Одговорот звучи: "ECHELON".
ECHELON е глобален шпионски систем чија задача е следење и анализа на информациите пратени преку телефон, телефакс, телекс, интернет, радиоврски и слично. ECHELON е производ на Студената војна и е формиран од страна на NSA (National Security Agency) од САД с цел надгледување на Советскиот Сојуз (СССР). Покрај NSA во неговото формирање и функционирање имаат удел и повеќе други разузнавачки агенции обединети со договорот UKUSA. ECHELON го сочинуваат суперкомпјутери, сателити, земски базни станици, како и голем број на агенти. Покрај своите сателити ECHELON ги користи и сателитите до кои има пристап – сателити за пренос на радио и телевизиски програми, сателитите за телекомуникации, метеоролошките сателити и слично.
По завршувањто на Студената војна меѓу западните сојузници и СССР, ECHELON добива нова функција. Наместо да ги следи довчерашните непријатели, ECHELON почнува да ги набљудува и прислушкува политичарите и луѓето од бизнис круговите. Постојат големи компании (се разбира американски и британски) кои го спонзорираат ECHELON, а за возврат добиваат информации за плановите и зделките на конкуренцијата. Но, ECHELON не застанува тука...
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.