Во полето на безбедноста на компјутерските системи, фишингот (анг. Phishing) е криминален акт со кој одреден измамник се обидува да добие доверливи информации како што се корисничко име, лозинка, број на сметка и ПИН на кредитна картичка или какви било финансиски информации. Измамата најчесто се одвива преку електронска пошта, но се почесто се користат и сервисите за инстант-пораки (MSN, Skype, Yahoo Messenger…).