Рубрика: Хемија
Направи сам биодизел (1)
Автор: Драган Јовановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Многумина веројатно слушнале дека биодизелот може да се произведе и во домашни услови, но ако сте се заинтересирале сте забележале дека "рецептот" се држи во тајност од страна на малкумина познавачи. Овој напис е уште една потврда на нашиот слоган "ЕМИТЕР ви го дава она што другите љубоморно го кријат!". Тука ќе најдете детален приказ на постапките како да направите сами биодизел со рециклирање и преработка на прегорено прехранбено масло од секаков вид. Вашиот биодизел ќе биде еколошко и евтино гориво - ќе ве чини околу 12 до 16 денари за литар, односно околу 64-74% поевтино од моменталната цена на дизел-горивото кај нас.

Глобалното затоплување повторно е топ-тема, а како еден од главните извори за појавата на стаклена градина се посочува јаглеродниот диоксид од нашите автомобили, односно гасот кој се јавува при согорувањето на фосилните горива.

Еден од начините за намалување на оваа глобална закана е изнаоѓање алтернативни извори на енергија кои би се користеле наместо фосилните горива. Една од тие можности е биодизелот, за кој основните податоци можете да ги дознаете од написот во ЕМИТЕР 9/07. Прво, да напоменеме дека се разликуваат два вида биодизел, и тоа позитивен биодизел и негативен биодизел. Биодизелот за кој станува збор во овој текст е позитивен, поради тоа што се користи отпадно прехранбено масло кое инаку се исфрла во канализацијата, со што е можна појава на проблеми во нејзиното функционирање. Но, вистинската трагедија е загадувањето на водите и воопшто на човековата околина со тешко растворлива канцерогена материја, каква што е прегореното прехранбено масло.

Фотографија на “реакторот” за домашно производство на биодизел кој сѐ уште е во употреба

Негативен биодизел е сиот оној комерцијален биодизел кој се добива со одгледување на маслодајните растенија, најчесто маслодајната репка, наменети за негово производство, и тоа веројатно на сѐ поголеми површини на кои до неодамна се произведувала храна. Така, биодизелот за кој слушаме преку медиумите и не е многу еколошко гориво, ако се има предвид дека индиректно, за зголемувањето на посевите со маслодајните растенија, наголемо се сечат амазонските шуми (во Бразил наголемо се користи етанолот како гориво), се засадуваат генетски модифицирани маслодајни растенија, за чие одгледување се употребуваат повеќекратно поголеми количини на хербициди и пестициди отколку за досегашните сорти. Со тоа се зголемува и загадувањето на почвата, па логично е да се постави прашањето каде е е логиката загадувањето од фосилните горива да се заменува со загадувањето кое се јавува при производството на нови маслодајни растенија кои служат за производство на споменатиот негативен биодизел?

Како вистински емитерџии ќе го користиме само начинот на производство на позитивен биодизел, а тоа е и целта, од ништо (отпад) да направиме нешто. Но, лично се среќавав со најразлични проблеми, кои таму некаде на запад не би постоеле. Откога прочитав доволно литература и се наполнив со голем ентузијазам (во периодот од пред речиси три години), падна првото разочарување. Она што изгледаше како најлесен дел, прибирањето на прегореното масло испадна најпроблематично. За идните емитерџии кои ќе се нафатат со преработка на прегорено прехранбено масло сакам да дадам еден важен совет – не дозволувајте рестораните и сендвичарите да ве уценуваат и да ви го продаваат она што го фрлаат, а за фрлањето можат да бидат дебело казнети… ВИЕ САМО ГО ОБЛАГОРОДУВАТЕ НИВНИОТ ОТПАД за себе, но и за целата ваша околина.

За преработка на прегореното прехранбено масло можат да се искористат неколку начини, но како најпрактичен е токму описот што следува во овој текст, а за него се потребни неколку основни состојки:

1. Отпадно прехранбено масло (сончогледово, палмово, кокосово, маслиново, животински масти….)
2. Метанол CH3OH
3. Натриум хидроксид (жива сода) NaOH

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.