Емитер 5/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Едноставен, евтин и квалитетен. Ова е слоганот на аудиозасилувачот од овој проект. Во овој проект целосно е разработен и изработен мал компактен стерео-аудиозасилувач со излезна моќност од 2x22W/4Ω, кој едноставно го нареков "Паганини". Зошто го нареков така ќе прочитате во текстот што следува.
Бидејќи изработката на засилувачи секогаш е вечна интересна тема, по изработката на звучниците од проектот "Hi-Fi звучник "Пикасо" ЕМИТЕР 12/07, решив да изработам мал аудиозасилувач кој ќе парира, односно во целост ќе ги задоволи нивните карактеристики. Тоа беше едната страна, а другата страна беше идејата на мојот син да изработам поквалитетен комплетен аудиозасилувач кој ќе се приклучува на аудиоизлезот од неговиот персонален компјутер кој е од најновата генерација. По сето ова, успеав да изработам комплетен, квалитетен и релативно евтин аудиосистем, одличен за употреба во домашни услови. При изработката на овој засилувач, т.е. при изборот на електронското решение, се водев од решавањето на следните предуслови: - на неговите излези да добијам што поквалитетен звук со соодветна моќност, - интерно стабилен дизајн во подрачјето на преоптоварување, термичка заштита, заштита од краток спој и сл. - напојувањето да му е помало од ±25V, заради сигурност на корисникот, - можност за изработка со компоненти и материјали кои лесно можат да се најдат на нашиот домашен пазар, - изработка со минимален алат и инструменти, кои обично можат да се најдат во домашната електроничарска работилница, - едноставен дизајн со употреба на минимален број компоненти, кои и малку искусен електроничар (почетник) може да ги сложи за неколку часа. Во потрага по електронско коло кое ќе ги задоволи овие претходно поставени предуслови, се одлучив да изработам засилувач со интегрираното коло TDA 2030A.
излезна синусна моќност:
- 18W/ 4Ω (Us = ±16V);
- 22W/ 4Ω (Us = ±22V);
Фреквентен опсег: - 10Hz - 100kHz;
Фактор на пораст: - 8V/ μs;
THD изобличувања:
0,03% (1kHz); 0,08% (40 - 15 000Hz);
Однос сигнал/шум: 106dB;
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.