На граница на науката

Одамна во јавноста кружат некои фотографии кои навидум прикажуваат нешто налик на самостоен, маглив дух кој лебди некаде во просторот, или, во друг случај, јасен ореол или аура околу живите луѓе или растенија. Како се добиени тие фотографии и дали се валиден доказ за постоењето на духот, душата или нешто слично од другата страна на материјалното? Во дебатата во овој број ќе бидат разгледани неколку познати примери.


Електроника

Во автоматот за училишно ѕвоно објавен во ЕМИТЕР бр.11 и 12/2010 има неколку функции за кои сметам дека можат да се реализираат на поелегантен начин. За тоа е потребен уште еден склоп со неколку интегрирани кола, добра волја за изработка и, се разбира, уште некој денар. Овој дополнителен склоп ќе ви овозможи лесна промена на разните режими на работа и ќе обезбеди визуелна сигнализација на тековниот временски период.


Електроника

Голем број на електронски уреди: мобилни телефони, iPnone, iPod, mp3 плеери, дигитални фотоапарати, различни полначи за батерии итн. користат USB приклучок за својата работа или надополнување на своите батерии. Предложениот адаптер за напојување и полнење на USB уреди е наменет за употреба во автомобил. Уредот е компатибилен со сите електронски уреди кои се предвидени за работа или надополнување преку напон добиен од USB портата.


Автомобилска техника

Лежиштата, во мајсторскиот жаргон популарно наречени "лагери", се една од поинтересните проблематики во машинството. Нема машина, уред или направа во која нема барем едно лежиште или, според моја слободна проценка, на околу 50% на прашањето: Во што се состои проблемот или во што е дефектот на машината, одговорот на мајсторите е дека се расипани (дотраени) лежиштата. Целта на текстов што следува е да се запознаеме со лежиштата и нивните основни видови.


Астрономија и астронаутика

На 11 јануари беа објавени првичните научни резултати од мисијата Планк на прес-конференцијата во Париз. Наодите се фокусираат на најстудените објекти во универзумот, од рамките на нашата галаксија до далечните делови од вселената. Главната цел на Планк е да го набљудува космичкото заднинско зрачење кое се наоѓа во микробрановиот дел од електромагнетниот спектар. Овојпат особено ми е задоволство да пишувам за мисијата која е предмет на мојот магистерски труд.


Аеронаутика

Tilt wing концептот е во основа концепт на конвертоплан со интегрално крило, кое на себе носи неподвижна погонска група, која во лет или на земја може да се заврти околу напречната тежишна оска – од хоризонтална во вертикална положба. Идејата крилото заедно со погонската група и елисите што обезбедуваат влечење напред да се заврти од нормалната положба за летање во вертикална положба, во која елисите обезбедуваат вертикално кревање, во основа е едноставна и природна.


Информатика

Постојано слушаме за серверите. Знаеме дека можат да "паднат" бидејќи обично тогаш нешто не ни работи. Знаеме дека понекогаш треба да ја пронајдеме и да ја внесеме нивната адреса која "баш вчера ја забележавме на очигледно место", кое сепак излегува дека и не е баш толку очигледно. што се, воопшто, серверите и за што служат?


Астрономија и астронаутика

Ова е вториот дел од серијата на текстови за ракетите-носачи кои се во употреба денеска. Во овој дел се опишани денешните руски ракети носачи и нивниот развој, како и идните ракети носачи кои се во развој. Тоа се варијантите на сè уште актуелните ракети-носачи Сојуз, Протон и Космос, како и новата ракета-носач Ангара, која за прв пат треба да полета оваа година.


Архитектура и градежништво

При изградба и реновирање на куќа или зграда неминовно се поставува прашањето: за кој временски период вложените финансиски средства во топлинската изолација ќе му се вратат на инвеститорот преку заштеда на трошоците за греење во зима и за ладење во лето? Во овој напис ќе се обидеме, преку соодветни пресметки на една постоечка станбена зграда во Скопје, да дадеме одговор на горното прашање.


Електроника

Електронското коло од овој проект го нареков "Електронско петле", бидејќи звукот кој го дава на звучникот е сличен со песната на младо петле кога за прв пат ќе пропее. Колото е изработено со познатиот временски тајмер 555 и се надевам дека ќе биде интересно како за почетници, така и за понапредните електроничари. Може да најде примена како ѕвоно за станот или сирена за автомобилот.


Информатика

За вредноста на Linux оперативните системи нема потреба многу да се дискутира. Се работи за слободен софтвер кој кај нас најчесто го користат ентузијастите и они кои сакаат да научат нешто повеќе. Понекогаш се среќавам со луѓе кои би сакале барем да го инсталираат овој оперативен систем и колку толку да се запознаат со неговите вредности. Но, многумина се откажуваат веќе при првиот чекор, односно при инсталацијата на Linux.


Аудио и видеотехника

Изборот е тешка работа било да станува збор за нешто безначајно и евтино било пак за нешто скапо и значајно. Тешко е да одлучите кои патики да ги набавите, а уште потешко да одберете професија. Решение на проблемот наречен избор е, пред да одлучите, добро да размислите и да се обидете да најдете одговор на сите прашања поврзани со она што е објект на вашиот избор.


Медицина

Имунитет е способност на организмот да се брани од бактерии и вируси. Се прават голем број истражувања за да се пронајде начин за обновување и рестартирање на имунитетот, кога од разни причини имунолошкиот систем ќе падне. Прочитајте го текстот за да дознаете дека сето тоа функционира многу слично како и вашиот PC.


Информатика

HP Elitebook 8440p е лаптоп наменет, пред сè, за деловните луѓе, и тоа онаа категорија чија природа на работата бара чести патувања. Силната хардверска подлога овозможува високи перформанси, доволни да се излезе в пресрет на побарувањата. Тоа има и своја цена, а таа не е баш ниска.


Информатика

Интернет-прелистувач кој може да се пофали со најголем реден број на верзијата, но не и со најголем број корисници. Иако постои многу години, сепак, дури со последните верзии сериозно и се доближува на конкуренцијата. Посебно со 11-тата.


Информатика

Ќе се обидеме да дадеме референтна рамка за тоа како треба да изгледа начинот на комуникација и воопшто, дејствување, преку т.н. социјални мрежи или платформи/медиуми за социјализирање/дружење (на интернет)…


Информатика

Брз и ефикасен. Работи во заднина, се надградува сам, ве чува во секој момент, а вие тоа не го ни забележувате. Бесплатно го добивате и е секогаш спремен за акција. Не е премногу добро за да биде вистина. Едноставно вистина е – Microsoft Security Essential 2.


Астрономија и астронаутика

Една позната хипотеза, според која полупречникот на Месечината се намалил за стотина метри, е на пат да биде потврдена со наблудувањата од Месечевата сонда LRO.


Физика

Една особеност кај магнетизмот претставува предизвик за физичарите уште од почетокот на XX век: имено, тој постои исклучиво како биполарна појава составена од два различни пола, северен и јужен пол, без можност тие меѓу себе механички да се разделат. Но, во најново време физичарите, сепак, успеале да креираат еднополен магнетизам на ниво на елементарен магнетски полнеж.


Медицина

Мошне интересен е фактот дека во текот на два милиони години човечкиот мозок ја менувал својата зафатнина. Прво се зголемувал, а потоа почал да се намалува! Истражувачите дошле до откритие дека во последните 20 000 години неговиот волумен се намалил од 1500 на 1350 кубни сантиметри, односно неговата зафатнина изгубила со годините, дел колку едно тениско топче. Ако модерниот човек е поумен, зошто му е помал мозокот?


Електроника

Ова коло често се користи во разни апликации каде што е потребно да се изврши некоја акција ако некоја електрична или неелектрична величина достигне определена вредност. На пример: фотопрекинувачи, термостати, коректори на мрежен напон и слично. Едноставно коло со многу примени за аматерски и професионални цели. Единствен проблем: пресметката на елементите. Да се обидеме и тоа да го средиме.


Електроника

Од овој број Емитер со нова рубрика во која ќе ви презентираме во кратки црти нови компоненти од електрониката. Се надеваме дека со оваа рубрика ќе ве приближиме не само кон новите трендови во електрониката туку и дека ќе добиете и поцеловит увид во производството на "главните играчи" во оваа област со постојан подем.


Електроника

Навикнати сме вестите за нови интегрирани кола да ни пристигаат од Силициумската долина во Калифорнија (САД) или евентуално од Велика Британија. Овој пат, една нова австриска фирма предизвика воздишки кај електроничарите!


Аудио и видеотехника

Шатган микрофонот е еден од основните инструменти кој треба да го поседува секој кој малку посериозно се занимава со аудио или аудио/видео продукција. Во овој број ви го претставуваме одличниот NTG3 на еден од реномираните производители на микрофони од овој тип, компанијата Rode.


Електротехника

За оваа прилика нашиот избор се две извонредни батериски машини од МАКИТА, кои се повеќе универзални машини отколку машини за некоја специјална намена.


Омнибус

Науката перманентно ни открива несомнени научни вистини, но некои од нив се спротивставуваат на нашиот здрав разум и ни изгледаат неверојатни. Во овој серијал ви претставуваме поголем број такви "неверојатни" научни вистини. На ред се нови пет неверојатни научни вистини.


Емитер ви најавува

Во последно време присутен е еден негативен тренд во аудиотехниката: на сè што е врзано со електронски ламби му се припишуваат "волшебни" својства и истите априори се категоризираат како High-End односно како "езотерични". Оваа подредување оди до таа мерка што се деградираат самите поими High-End односно езотерика.


Омнибус
Миле Секуловски, најстариот радиоаматер во Македонија

Лаптопи за скијачи; Quantum Dot LED (QLED) дисплеј; Ротацијата на црните дупки се гледа од Земјата?; Презентација на CorelDraw X5; MICROSOFT: интероперабилност и cloud computing; Adobe ден во Скопје; Elite 1000 GreenPower енергетско ефикасни ТВ-предаватели; Безбедност на децата на интернет – вторпат; Studer OnAir 3000 – аудиоконзола за PTB апликации; Што се наоѓа зад границата на универзумот?


Писма
Проблем за напојување на сараунд засилувач
Полнач за МП4 плеер во автомобил
Повеќе физика и колор страници!
Проблеми со мосфет засилувачот од ЕМИТЕР 7-8/07