Електроника

Само најскапите рачни електрични брусилки од познатите марки имаат вградено кола за мек старт. Мекото стартување значително ги намалува трошоците за одржување на машината и го продолжува нејзиниот век. Во овој текст е опишан уред за мек старт кој не се вградува во машината, туку на него се приклучува која било машина. Со ова, секоја машина приклучена на уредот добива мек старт, дури и оние машини кои сä уште на пазарот немаат верзија со мек старт.


Физика

Минатиот месец вниманието на целиот свет беше свртено кон Женева, каде што физичарите на 10. септември успешно го пуштија најголемиот забрзувач на честички: Large Hadron Collider (LHC). Зошто Европа се нафати да изгради толку скап проект? За што ќе биде корисен? Дали експериментот воопшто е опасен и дали може да ја уништи Земјата?


Астрономија и астронаутика

Многу обични луѓе, а и политичари кои ги донесуваат одлуките прашуваат каква е воопшто користа од космичките летови. Еве причини за кои космичките летови треба да продолжат, како и начини тие да станат економски самодоволни.


Фототехника

На прагот сме кон потполна дигитализација на фотографијата. Ова е период на споредба на карактеристиките на аналогната со дигиталната фотографија, па оттука произлегуваат голем број на прашања кои ги поставуваат не само почетниците, туку и врвните мајстори на фотографијата. Веројатно најчестото прашање е: Колку се важни пикселите?


Автомобилска техника

За среќа, денеска овој дефект е сé поредок, особено кај современиве автомобили со компјутерско управување. Постарите автомобили, кој патем речено сé уште се многубројни на нашиве патишта, не се имуни на овој дефект. Како да се постапува во овој случај, кои се можните дефекти и, воопшто, како да се донесе вистинската дијагноза се главите прашања на кои ќе го задржам вашето внимание во овој напис.


Астрономија и астронаутика

Кога ќе се спомене истражување на вселената и вселенските мисии веднаш ви паѓа на ум едно име - НАСА.


Аудио и видеотехника

Олимписките игри во Пекинг по својата организација, сигурно од сите аспекти, не само што нема да се заборават, туку долго ќе останат на сите во сеќавање поради богатата содржина на игрите и соборување на повеќе светски рекорди, поради високо професионалната техничка реализација, а посебно ќе остане во сеќавање отворањето како прекрасна претстава со традиционални кинески перформанси.


Електроника

Дигиталните интегрирани кола се застапени во значителен обем во многу електронски уреди. Тие се среќаваат како во едноставни апарати за домаќинства, така и во сложени уреди во индустриски постројки, телекомуникациски системи, компјутери, медицински и многу други апарати. Во овој напис ќе бидат дадени, на наједноставен начин, нивните карактеристики и како да ги препознаете и примените.


Енергетика

Технологијата на течниот природен гас како многу поедноставна, поефикасна, еколошки чиста и неопасна веќе во огромен размер се користи насекаде низ светот. Неговиот широк дијапазон на примена, како суровина за производство на електрична енергија, како енергетско моторно гориво, примената во домаќинствата, придонесува за сä повисоката репутација и поширока примена на ова гориво. Употребата на природниот гас набргу ќе започне и во нашата држава.


Информатика

На многу од вас, драги мои, верувам дека им се случило да добијат филм или видеоматеријал кој едноставно не сака да се репродуцира со вашиот омилен видеоплеер. Windows Media Player по дефиниција претставува прв избор на многумина, но тој, без разлика на сите подобрувања кои редовно се додаваат во секоја нова верзија, сепак, е далеку од алатка која ќе успее да репродуцира секаков видео и аудиоформат.


Историја и археологија

Најновиот извонреден фосил од најран хоминин со прекар "Бебето на Луси", откриен во Етиопија, ги збогатил сознанијата за сликата на нашите древни предци, но истовремено ја обновил дебатата околу клучниот проблем: Како еволуцијата довела до исправено, двоножно движење кај човекот.


На граница на науката

Што е живот? Како настанал животот на Земјата? Дали истите правила за настанокот на живот на Земјата ќе важат и на сите други планети кои кружат околу далечните ѕвезди? Кои се неопходните услови за да може да се појави живот на друга планета? Одговорите на овие прашања можеби точно ќе нé упатат кон најблиската планета со живот (можеби и разумен?) надвор од нашиот Сончев систем.


Телекомуникации

И самите можеби понекогаш сте забележиле и сте се запрашале: Зошто нашите радио и ТВ-станици немаат звук и слика со таков квалитет каков што имаат некои странски програми? - Зошто нивото на тонот кај различни програми е со различна јачина (различно ниво)? Во овој мини серијал ќе ви дадеме одговор и на овие прашања. Во минатиот број на вашето омилено списание ЕМИТЕР се запознавте со техничките правила и критериуми кои се однесуваат на радиодифузијата, а кои важат за студијата.


Аеронаутика

Лесен борбен воздухоплов-едносед, наменет за непосредна воздушна поддршка на копнените сили во герилски (партизански) услови на војување, потекло: поранешна СФР Југославија.


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате во следниот месец на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Овој месец ќе помине во знакот на галаксијата Андромеда.


Аудио и видеотехника

Samsung LE40A656 е еден од репрезентите на Премиум серијата 6 на LCD телевизорите од последната генерација на корејскиот гигант, кај која се манифестира успешниот концепт на врвно стилизиран дизајн комбиниран со технолошка надмоќ за задоволување на сé пософистицираните вкусови на телевизискиот аудиториум.


Електротехника

Makita е компанија за чии производи досега доста сме пишувале. Во својата богата понуда на разни типови алат за столарската и градежната индустрија може да се најдат и алати кои се помалку познати за обичните корисници, но затоа, пак, се и тоа како познати и незаменливи за професионалците.


Информатика

Microsoft Word е веројатно најупотребуваниот дел од Microsoft Office пакетот. Ова воопшто и не е чудно со оглед на тоа што апликацијата постои долга низа на години, се разбира, во различни верзии. Иако постојат и други апликации за обработка на текст како Page Maker, Quark XPress и InDesign кои патем имаат поспецифична намена, Word-от е незаменлива и моќна алатка во рацете на оние кои знаат да го искористат.


Информатика

Веројатно дека не е мал бројот на корисници кои имаат потреба да користат повеќе различни верзии на Microsoft Windowс оперативни системи, најмногу поради фактот дека некои (постари) програми едноставно "не сакаат" да работат на поновите верзии. Овој проблем некои го решаваат така што на компјутерот инсталираат повеќе верзии на оперативни системи, и потоа по потреба ја вклучуваат бараната верзија. При ова, потребно е често рестартирање на компјутерот, што практично одзема многу време.


Информатика

Со оглед дека трката со Интел на полето на процесорите е загубена за во догледно време, AMD ги уфрли своите џокери на полето на графичките картички. По две години, AMD (ATi) е повторно на врвот, и тоа во супертешката DX10 категорија! Radeon HD 4870 е побрза од GeForce 280 GTX, па на nVidia (засега) и останува да се потпре на своите SLI системи од две GTX 260 или две 9800 GTX.


Информатика

Во летното издание на ЕМИТЕР дадовме осврт на новата генерација процесори на Интел - Nehalem, или Core i7, како што најверојатно ќе биде официјалниот назив. Сосема новата и поинаква архитектура ги прави овие процесори некомпатибилни со актуелните модели на матични плочи. Поради тоа, во пресрет на новите процесори, производителите на матични плочи веќе ги претставија моделите наменети за нив. Да погледнеме што ни "зготви" кујната на ASUS.


Информатика

Просечниот корисник најчесто при купување на избраната компјутерска конфигурација многу повеќе своето внимание го насочува кон компонентите како процесор, матична плоча, меморија или хард диск. Вообичаено на звучната картичка воопшто и не се посветува внимание, иако рака на срце за тоа има и едноставно објаснување - повеќето матични плочи имаат вградена аудиокартичка (onboard), па корисникот е ограничен на тоа што производителот го одбрал.


Фототехника

Продолжува "Фотоемитер", нашата рубрика каде што читателите ги презентираат своите фотографии и при тоа освојуваат вредни награди, но истовремено преку коментарите и советите од нашиот фотоселектор имаат и можност да ги подобрат своите фотографски вештини. Во овој број за најдобри се прогласени фотографиите на Елена Бошковска, Гордана Аџиева и Енкел Дика.


Омнибус

Случајот на правливата двојна ѕвезда;
Новото чудо од печатач на HP;
Honda Jazz - малиот големец, од Јапонија, се разбира;
Новиот Google Chrome пребарувач;
Хаумеа од работ на Сончевиот систем;
Blu-ray диск од 500 GB;
Најмалиот DSLR со изменлив објектив;
Први официјални податоци за новите модели на Nehalem процесорите;
Citroen Berlingo - во име на процесорот;
Матурска прослава на Неоком;
Intel ATOM на турбопогон;


Електроника

Сакате ли да знаете дали е разбудено вашето бебе кое слатко спие во соседната соба, или да внимавате некој да не "провали" во вашиот автомобил оставен пред куќата, па морате да ги протегнете нозете за да проверите. Ако тоа ви причинува голем напор, во просторот кој сакате да го обезбедите поставете мал ФМ-предавател кој ќе ги пренесе сите звуци во круг од десетина па и повеќе метри.


Електроника

Колор сензор, сензор за бои. Електронски уред кој селективно засилува само одредени делови од видливиот спектар, одредени бои, кои се во склад со бојата на лед диодата која е приклучена на влезот на уредот. Едоставна направа погодна за апликации во роботиката, автоматиката, за аларми и во оптоелектрониката. Сензорот се активира само при осветлување со одредена боја, а за другите бои од спектарот е индиферентен.


Електроника

Дали е возможно поединечно да се вклучуваат две светилки кои се составен дел на едно струјно коло? Во овој проект ќе се сретнеме со начинот како е и тоа можно кога на располагање имаме само еден прекинувач.


Писма
Краток спој во гитарскиот засилувач
Напојување за кодирана брава и програматор
"Смотан" фотоконкурс и интересни проекти без завршница
Самоградба на UPS?