Емитер 10/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
На многу од вас, драги мои, верувам дека им се случило да добијат филм или видеоматеријал кој едноставно не сака да се репродуцира со вашиот омилен видеоплеер. Windows Media Player по дефиниција претставува прв избор на многумина, но тој, без разлика на сите подобрувања кои редовно се додаваат во секоја нова верзија, сепак, е далеку од алатка која ќе успее да репродуцира секаков видео и аудиоформат. Точно е и тоа дека постојат голем број други аудио-видеоплеери кои нудат можност за репродукција на голем број видеоформати, но и тие не се гаранција дека баш сé што ќе пуштите ќе се репродуцира или во најмала рака барем нема да се закочува, сецка и слично. Решение? Секако дека има. Постојат повеќе "парчиња" софтверски алатки кои овозможуваат конверзија на еден видеоматеријал во друг вид, а во овој напис ќе ви претставам два бесплатни, но солидни програми - DVD Flick 1.3 и Allto AVI 4.53.
Во контекст на овој мал вовед, можам да замислам какви проблеми имаат оние кои се сопственици на стари DVD уреди кои имаат проблем и со репродукција на обичен DivX видеоматеријал, а не пак со други понови и пософистицирани видеоформати. Бидејќи кај овие уреди нема можност за "надградба", што е привилегија на корисниците на PC, единственото можно решение повторно е софтверска конверзија на одредениот видеоформат во друг, разбирлив за DVD уредот. Се разбира дека при ова ќе потрошите одредено време, но со нешто "посилен" компјутер, малку трпение и добар софтверски алат резултатот нема да изостане.
Овде нема да зборувам за можеби најпознатиот и веројатно еден од најдобрите во својата класа WinAVI Video Convertor, од причина што, прво, не е бесплатен, а, второ, сепак, е малку посложен за работа, особено во делот на уфрлување на титлови. Во оваа прилика се одлучив за два интересни програми кои се бесплатни, а кои сосема солидно ќе ја завршат својата работа - DVD Flick 1.3 и All to AVI 4.53.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.