Емитер 2/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Додатоците и plug-in алатките кај веб-пребарувачите наменети за преземање на видеозаписите од интернет се нешто што се подразбира. Но, преинсталацијата на оперативниот систем и инсталирањето на веб-пребарувачот повлекува нивно повторно преземање и инсталација. Алтернатива постои – онлине сервиси за видеоснимање, преземање и конверзија. Порационално и поефикасно решение? Да погледнеме.
Со појавата на YouTube и сличните видеосервиси достапноста на видеозаписите, клиповите, трејлерите итн., што се вели, е со "неколку клика". Потребата од нивно преземање, чување во сопствена колекција и offline преглед е логичен след на нештата, нормална реакција. Нема да го коментираме етичкиот момент и задирањето во авторски права - не сме повикани или овластени за такво нешто ;-). Но, повикани сме да ги разгледаме тие сервиси (чие постоење и намена досега не ги оспорил никој) и да ги приближиме кон нашите читатели. Конечно, нивното (не)користење е нивно право на избор.
Корисноста, сепак, не може да се оспори, додека употребливоста на овие сервиси зависи од желбите и потребите на корисникот. Некои алатки овозможуваат манипулација со видеоформатите (преземање и конверзија), снимање само на аудиозаписот од видеодатотеката, некои имаат и дополнителни опции (на пример, конверзија и на други видови датотеки од еден во друг формат). Заедничка особина им е едноставноста и леснотијата на користење. Ви ги претставуваме ZAMZAR (www.zamzar.com), CATCH YOUTUBE (www.catchyoutube.com), MEDIA CONVERTER (www.mediaconverter.org), AVS MEDIA (www.avsmedia.org)
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.