Рубрика: Информатика
Веб-сервиси
Автор: Драган Јованоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Веб-сервисите ни нудат основа за новата генерација на веб-апликации. Без разлика на тоа каква е клиентската апликација, било да е Windows апликација, било да е ASP.NET веб-апликација, и без разлика на каков оперативен систем клиентот работи, дали е тоа Windows, Pocket Windows или некој друг систем, комуникацијата редовно ќе се одвива преку интернет, користејќи ги веб-сервисите.

Веб-сервисите се слични на компонентите во апликациите, со единствена разлика што работат преку интернет. Тие претставуваат програми на страната на серверот кои ги "слушаат" пораките што доаѓаат од клиентските апликации и враќаат специфични информации. Овие информации може да потекнуваат од самите сервиси, од останатите компоненти што се наоѓаат во доменот или од други веб-сервиси.

Постојат неколку резлични типови сервиси кои извршуваат различни функции: некои нудат информации специфични за поединечни гранки од стопанството, како што се индустријата и здравството, потоа постојат разни портални сервиси кои се служат со сервисите на други добавувачи за да овозможат информација за одредена тема, постојат сервиси кои се специфични само за една апликација и сервиси кои можат да се користат во различни апликации.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.