Како што веќе знаете, во април минатата година Google ја укина својата социјална мрежа Google+, освен за бизнис корисниците и корисниците на G Suite пакетот. Сега, Google+ во потполност ќе исчезне, а како замена на овој (фејл) проект Google ќе го понуди сервисот Google Currents.
Станува збор за сервис којшто е замислен првенствено за деловна комуникација меѓу вработените. Во основа, со изгледот и со неговите можности, не отскокнува премногу од сервисите кои го заменува, иако има потенцијал да прерасне во конкуренција на апликацијата Teams на Мајкрософт.
На почетокот на екранот корисниците можат да изберат да ги сортираат постовите според важноста и хронолошки да ги подредат фотографиите, линковите, анкетите, одсносно целата содржина од нивниот Google Drive. Администраторите се во можност да ги модерираат содржините кои се појавуваат и да добијат увид во различните статистички податоци поврзани за корисниците.
Миграцијата на Google Currents за сите корисници ќе биде автоматска, што важи и за URL линкови кои ќе се преземат на Currents.