Емитер 10/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Само најскапите рачни електрични брусилки од познатите марки имаат вградено кола за мек старт. Мекото стартување значително ги намалува трошоците за одржување на машината и го продолжува нејзиниот век. Во овој текст е опишан уред за мек старт кој не се вградува во машината, туку на него се приклучува која било машина. Со ова, секоја машина приклучена на уредот добива мек старт, дури и оние машини кои сä уште на пазарот немаат верзија со мек старт.
Зошто мек старт?
Кај асихроните мотори со кусо врзан ротор не постои механичка врска помеѓу роторот и статорот. Токму тоа го прави овој тип на мотор практично неуништив. Единственото одржување на овие мотори се состои од менување на лежиштата (лагерите) од време на време. Од друга страна, пак, овие мотори се тешки и габаритни. Ова ги прави неприменливи за вградување во рачен електричен алат. Затоа, овие мотори работат кај статичните машини. Кај рачниот електричен алат по правило се вградуваат колекторски мотори. Тие се лесни, со мал габарит и може да обезбедат многу поголема механичка моќност од индукциски мотори со иста маса. Но, кај колекторскиот мотор има механички контакт помеѓу роторот и статорот преку четкичките. Поради тоа, овие мотори се многу поподложни на дефекти и потешки за одржување. Најосетливиот дел кај колекторските мотори секако е колекторот. Поради појавата на комутација, кај овие мотори се јавува електричен лак помеѓу четкичките и ламелите на колекторот. За оваа појава да се сведе на минимум, четкичките треба добро да налегнуваат на колекторот. Искрењето на колекторот најмногу е изразено на почетокот, при стартувањето на машината. По некое време четкичката налегнува на колекторот и искрењето е помало. Електричниот лак предизвикува оштетувања на ламелите на колекторот во вид на нерамнини (плитки дупчиња). Овие нерамнини понатаму попречуваат на налегнувањето на четкичките што придонесува до повторно искрење и оштетување. Ако машината има мек старт, тогаш се избегнува почетното искрење помеѓу колекторот и четкичките. Бидејќи четкичките цело време лизгаат по роторот, површината која налегнува на роторот го прима обликот на површината на колекторот. При тоа, страничните рабови на четкичките се изоструваат како сечило. При нагло стартување на роторот може да се случи, доколку четкичката поудобно лежи во држачот на четкичката, таа да закачи во ламела од роторот и да ја откине. Тогаш роторот останува без една од ламелите и таквата машина веќе не е за употреба. Доколку наместо нагло стартување, роторот се стартува меко, тогаш, иако остриот раб на четкичката ќе закачи во ламела од роторот, силата со која ламелата удира во работ на четкичката не е доволна за откинување на истата. Конечно, наглото стартување на машината не е пожелно за механичкиот редуктор на машината. Поради наведените причини, кај поскапите рачни електрични алати од познати марки се вградува мек старт.
ИК: LM311, CNY17, MOC 3020;
Тријак: TC 112-10 (или BTA08)
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.