Емитер 10/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Најновиот извонреден фосил од најран хоминин со прекар "Бебето на Луси", откриен во Етиопија, ги збогатил сознанијата за сликата на нашите древни предци, но истовремено ја обновил дебатата околу клучниот проблем: Како еволуцијата довела до исправено, двоножно движење кај човекот.
Кога во 1974 год. Доналд Јохансон, денес антрополог на Државниот универзитет на Аризона, со својата екипа го открил прочуениот фосил од најраниот хоминин од видот Австралопитекус афарензис (Australopithecus afarenzis), стар околу 3,2 милиони год., популарно познат како Луси (Lucy - според хит-песната на "Битлси"), тоа беше прогласено за најголемо палеонтолошко откритие на 20. век. Веднаш се појави и книга со наслов "Луси – почеток на човечкиот род", која стана "бест-селер" меѓу научната литература (види ЕМИТЕР бр. 1/04: "Еволуцијата на човекот на виделина"). Но, сега палеонтолозите обелоденија откритие на нов, уште постар фосил од истиот вид хоминин, што значи претходник на Луси и симболично го нарекоа "Бебе на Луси" (“Lucy’s Baby”), бидејќи се работи за фосил на 3-годишно дете.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.