Емитер 10/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Сакате ли да знаете дали е разбудено вашето бебе кое слатко спие во соседната соба, или да внимавате некој да не "провали" во вашиот автомобил оставен пред куќата, па морате да ги протегнете нозете за да проверите. Ако тоа ви причинува голем напор, во просторот кој сакате да го обезбедите поставете мал ФМ-предавател кој ќе ги пренесе сите звуци во круг од десетина па и повеќе метри. Додека работите некоја работа, можете непрекинато да ги следите случувањата во близина надвор од ѕидовите од просторијата во која се наоѓате и по потреба соодветно да реагирате.
Овој релативно едноставен електронски уред е изработен, пред с#, за надзор на внатрешноста од вашиот автомобил, но него можете да го употребите и за надгледување на просториите во вашиот стан, куќа или некои простории во близина на вашата куќа или да најдете намена по ваш избор. Станува збор за едноставен ФМ-предавател кој се состои од нискофреквентен засилувач, ВФ-осцилатор, излезен степен и склоп за напојување. За да се претвори звукот од околниот простор во нискофреквентен аудиосигнал, на помош доаѓа микрофонот кој се приклучува на конекторот K2 на ППК. Микрофонот е добро познатиот (за повеќето читатели на ЕМИТЕР) електрет микрофон, кој е многу чувствителен, и има добра фреквенциска карактеристика, а за многумина, многу важен податок е ниската набавна цена!
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.