Рубрика: Фототехника
Школа за фотографија: Колку се важни пикселите?
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


На прагот сме кон потполна дигитализација на фотографијата. Ова е период на споредба на карактеристиките на аналогната со дигиталната фотографија, па оттука произлегуваат голем број на прашања кои ги поставуваат не само почетниците, туку и врвните мајстори на фотографијата. Веројатно најчестото прашање е: Колку се важни пикселите?

Пред некој ден, еден мој добар пријател, инаку долгогодишен фотограф-аматер, ме праша следното: "Пред пет години купив дигитален апарат од средна класа со резолуција од само 3,2 Mp. Презадоволем сум од квалитетот на фотографиите и мислам дека само малку му фали на истиот апарат да го достигне квалитетот на врвните аналогни фотоапарати. Сите овие години бев убеден дека таа "фалинка" се должи на малата резолуција на мојот апарат. Пред некоја недела, за синчето купив најнов дигитален апарат со резолуција од 8 Mp за само 100 евра, односно пет пати помалку од стариот апарат. Резултатите се катастрофални! Новиот апарат со 8 Mp прави фотографии со видливо полош квалитет од оној со само 3,2 Mp. Зошто е така?"
Тоталната еуфорија по новото создава нова маса на тотални незнајковци различни од претходните! Тоа не се однесува на мојот пријател, тој ете си праша, па и ќе си дознае. Самата маркетинг машинерија ги создава овие "критични" групи за да профитира од незнаењето на луѓето. Науката вели: уште со појавата на CCD чиповите со резолуција од 3,2 Mp достигнато е нивото на квалитет кој може да ја даде оптиката која се вградува во т.н. средна класа. Зошто тогаш да се вградуваат чипови со поголема резолуција од 3,2 Mp во апаратите од ниска до средна класа, ако не се работи за евтин маркетиншки трик? Маркетингот е толку навлезен во сите пори на нашето живеење, што не само производителите и нивните агенти за продажба со сите расположиви средства "трубат" дека повеќе пиксели априори значи повеќе квалитет, туку тоа го прават и одреден број на аналитичари и критичари на овие производи. На производителите може да им се прости, тие само вешто ги "форсираат" позитивните карактеристики на нивниот уред, а уште повешто ги прикриваат нивните недостатоци, но не треба да им простуваме на оние кои заработуваат пари од тоа што ќе ве доведат во заблуда.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.