Еурека

Во трудов се презентирани резултатите од истражувањата реализирани во рамките на проектот "Дешифрирање на средниот текст на каменот од Розета". Резултатите од дешифрирањето укажуваат на многу повеќе детали кои ги нема во текстот запишан со унцијално (античко-грчко) писмо. Оваа констатација го потврдува сознанието на науката уште од времето на Томас Јанг (1822 година) дека средниот текст е оригиналот. Врз основа на нашите истражувања, ова сознание можеме да го допрецизираме со констатацијата дека декретот на фараонот во средниот текст на каменот од Розета во оригинал е напишан на јазикот на античките Македонци, односно со официјалното писмо и јазик на државата којашто тие ја управувале повеќе од еден век.


Електроника

Тик - так, тик - так...10, 9, 8, 7...0. Буум. Не, не е "пеколна машина", туку едноставен тајмер со одбројување наназад или countdown timer. Тајмер со максимално време на нагодување од 99 минути и 59 секунди, едноставен за изградба и ракување. Дигиталниот тајмер за одбројување е замислен како додаток на проектот во претходниот број на ЕМИТЕР "Осветлувач за ППК со лед диоди", но може да се користи за вклучување и исклучување на кое било електрично коло во зададен временски интервал. Заради едноставност во изградбата и функционалноста во управувањето и работата на тајмерот тој е изведен со популарниот микроконтролер PIC16F84.


Астрономија и астронаутика

Тешко е да се додаде нешто ново на илјадниците страници што се обиделе да го откријат тоа што се случило во Тунгуска пред 100 години. Многу лесно е, пак, сосема обратното, да се заврши со здодевни повторувања и банални општопознати приказни. Но, сепак, ова е ризик што треба да се преземе, не само за да се прослави јубилејот, но и да се земе предвид пошироката поврзаност на постоечкиот ризик на сударот со небесните објекти.


Фототехника

Дигиталната фотографија е подобра од аналогната! Не! Аналогната фотографија е подобра! Тоа се двете најчести изјави во фотографските кругови. Кој е во право? За мене, и двете изјави се во исто време и точни и погрешни, во зависност од тоа што сакаме да постигнеме.


Металство и машинство

Во претходниот број видовме како се изработува горното крило на направата за виткање на лим (апкан). Иако, наизглед, сме направиле малку, всушност, сме завршиле голем дел работата. Како што ќе видиме во текстот што следува, горното крило ја одредува позицијата на останатите елементи од направата и затоа неговата изработка заслужуваше посебно внимание. Сега ќе ја комплетираме направата со долно крило и статив.


Телекомуникации

Во овој и во наредните два броја на вашето омилено списание Емитер, ќе ги разгледаме и објасниме техничките правила и критериуми кои се однесуваат на радиодифузијата, а се важечки во нашата земја. За почеток ќе ги разгледаме правилата што важат за студијата, а во наредните два броја правилата што се однесуваат на предавателниот дел: за радијата и за телевизиите, посебно.


На граница на науката

Блиски средби од втор и трет вид - тоа е желба не само на уфолозите, туку и на сите луѓе. Некои уфолози тврдат дека овие средби веќе се случиле. Како примери ги даваат писмата на Умитите во Шпанија, камените дискови и малите скелети од Бајан Кара Ула во Тибет. Колку се цврсти овие докази?


Биологија

Дали секаде каде во вселената постојат планети со поволни климатски услови, какви што се на Земјата, неминовно се појавува живот и потоа еволуцијата, според некоја законитост, неминовно доведува до појава на разумни суштества, како што е човекот?


Автомобилска техника

Во вториот напис од серијалот за Поправка и одржување на автомобилите ќе објаснам што се подразбира под терминот Рутинска контрола, а што под терминот Сервисирање на автомобилот и ќе прокоментирам некои карактеристични сервисерски зафати, со цел поблиску да се запознаеме со сервисирањето за поквалитетно да го изведеме.


Електроника

Овој оптички детектор на движење регистрира движење во двете насоки, но дава звучна сигнализација само при движење во една од насоките. Наменет е за заштита на простор и звучната сигнализација се активира само кога во заштитениот простор се влегува, или кога од заштитениот простор се излегува. Замислен е како пасивен детектор, што значи дека за својата работа ја користи дневната светлина, а во услови на недоволна дневна светлина доволно е да се осветли просторот околу детекторот.


Електроника

Тајмерот е временски прекинувач - тој по одредено, однапред дефинирано време ќе вклучи или ќе исклучи некој електричен уред (светилка, мотор, радио, ТВ...). Може да се изработи на различни начини, а еден од најчестите е со помош на интегрираното коло NE555.


Електроника

Електронското коло, презентирано во овој мал проект, е едноставен додаток за полуспроводничките (се мисли на транзисторските) гитарски засилувачи кое овозможува тие да звучат (свират) скоро исто како "лампашките" засилувачи.


Историја и археологија

Проучувањето на остатоците на џуџестиот човек (Homo floresiensis) на островот Флорес во Индонезија може да ја ревидира теоријата за еволуцијата на човекот.


Аудио и видеотехника

Престижната Европската асоцијација за слика и звук EISA која ја сочуваат 50 магазини од 19 европски држави ги додели признанијата за најдобри уреди и производи за 2007/2008 година.


Електроника

I2C комуникацијата, развиена пред 20 години од страна на фирмата Филипс, во почетокот била наменета за едноставен начин на комуницирање меѓу интегрирани кола на една иста печатена плочка, при што се намалува бројот на нивните изводи. Од тоа произлегува и специфичниот начин на означување на нејзиното име како комуникација меѓу интегрирани кола (I2C = Inter IC). Во натамошниот развој оваа комуникација добива поширока примена.


Фототехника

Продолжува "Фотоемитер", нашата рубрика каде што читателите ги презентираат своите фотографии и при тоа освојуваат вредни награди, но истовремено преку коментарите и советите од нашиот фотоселектор имаат и можност да ги подобрат своите фотографски вештини. Во овој број за најдобри се прогласени фотографиите на Катарина Ристовска, Александар Спасов и Атанас Бајлозов, а наградите за нив се: Дигитален фотоапарат Digimax S760, MP3 плеер MP-SG256 MVision и MP3 плеер MP-02F MCORD.


Електроника

Речиси секој електронски уред се напојува индиректно од градската мрежа, односно со наизменичен напон од 230V. Како посредник речиси секогаш се употребува мрежен трансформатор. Секој трансформатор работи со одредена работна температура, која не смее да се пречекори. Доколку дојде до пречекорување, трансформаторот ќе претрпи оштетување, односно нема да биде повеќе употреблив.


Информатика

Не знам што би можело да се каже за ЦД и ДВД читачите и ЦД/ДВД дисковите како носачи на податоци, а што веќе не е кажано. Освен, можеби, за начинот на нивно функционирање, макар што и на оваа тема е дискутирано повеќепати. Сепак, со оглед дека во мејловите кои ни пристигнуваат има и барања за објаснувања како работат одделни хардверски компоненти, ја потегнавме оваа рубрика. А кога сме веќе тука, не смееме да го изоставиме ниту ЦД/ДВД читачот.


Информатика

Ако некој помисли дека се работи за погрешно напишан наслов, веднаш да го демантирам. Точно е напишано - софтвер за бришење податоци. Можеби ќе се запрашате зошто некој воопшто би правел софтвер со кој ќе се бришат податоците, кога целата процедура е многу едноставно решена - се означува датотеката која сакаме да ја избришеме, го притискаме копчето Делете на тастатурата и готово. Избришано!


Информатика

Со појавата на peer-to-peer мрежите многумина кои ја користеа имаа можност да доњнлоад-ираат (преземаат) голем број датотеки, најчесто мултимедијални, но и разни други содржини. За жал, на ваквиот начин на користење на peer-to-peer мрежата му беше залепена етикетата за кршење на сопственичките права (copyright), па поради ова многу серверски системи беа затворени. Најголем пример за тоа е Kazaa мрежата.


Електротехника

Изработката на мебел во столарската индустрија подразбира користење различен алат кој ќе им овозможи на работниците побрзо, и уште поважно, поквалитетно извршување на работата. Ова особено се однесува за изработка на разни плакари, работни маси, полици и слично, кај кои изработката се сведува на спојување на повеќе релативно тенки дрвени плочи.


Аудио и видеотехника

Конкуренцијата во категоријата на полупрофесионални и аматерски камкордери станува сé пожешка. Достапната цена на овие уреди направи бум во начинот на бележење на спомени и нивната продажба расте секојдневно. Со цел да одговори на сé попребирливиот и попрофилиран купувач Панасоник понуди два нови уреди кои го отелотворуваат квалитетот кој стои зад ова име.


Аудио и видеотехника

Карактеристика на годинешните EISA награди е признанието за LCD и плазма телевизори со најдобра вредност, како категорија која посебно ги вреднува квалитетите на апаратите во однос на цената која крајните потрошувачи треба да ја издвојат за нив. Според оценките на EISA, на тој план посебно се истакнува LCD телевизорот Samsung LE40A557.


Информатика

Појавата на процесорите изработени во 45нм литографија овозможи освежување на актуелните Santa Rosa Centrino платформи во поглед на пораст на перформансите и намалување на потрошувачката на енергија. Без сомнение, одличен увод за она што следува - втората Centrino генерација!


Информатика

VIA Tehnologies Inc. е тајванска компанија која првенствено е позната по производство на чипсетови за AMD и Intel платформи, како и производство на матични плочи и мемории. Но, компанијата во своите погони произведува и процесори, па иако во сенка на големите играчи, VIA во своето портфолио има низа на успешни x86 процесори од кои првите модели се уште од далечната 1990 година.


Информатика

За помладите читатели веројатно е незамисливо времето (не така далечно) кога тврдите дискови имаа капацитет од едвај неколку стотини мегабајти, а кој денес е дури и помал од РАМ меморијата на кој било модерен компјутер. Но, од тогаш до денес, капацитетот на тврдите дискови многукратно е зголемен, што е сосема логично ако се знае дека модерните апликации бараат сé поголем простор на дискот, почнувајќи од игрите, па сé до аудио и видеозаписите.


Информатика

Следејќи го зацртаниот план и програм, а Интел ги претстави новите Core 2, Pentium E и Celeron процесори, со што се пополнуваат сите сегменти од првата 45 nm генерација. Сé е подготвено за Nehalem!


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате во следниот месец на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Овој месец ќе помине во знакот на Венера и Марс.


Омнибус

LG KF600 - лизгач со два екрана;
Работ на Сонцето;
Меѓународна астрономска унија го одбра името Плутоиди;
AMD socket G34;
HP Deskjet D2560;
Скенер наместо телекино;
Ново име меѓу интернет-пребарувачите;
Безжичен ХД стандард;
Ако досега не сте знаеле, сега знајте дека...
Делумно затемнување на Месечината;
Јубилејно 10. државно првенство во РУ едрилици категорија Ф-3-Ј;
CCD сензор од 50 мегапиксели;


Писма
Програма за рекламниот движечки текст
Полнач за МП4 плеер
Стабилизиран насочувач со регулација за струја и напон