Рубрика: Информатика
BitTorent протокол
Автор: Бранко Атанасовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Со појавата на peer-to-peer мрежите многумина кои ја користеа имаа можност да доњнлоад-ираат (преземаат) голем број датотеки, најчесто мултимедијални, но и разни други содржини. За жал, на ваквиот начин на користење на peer-to-peer мрежата му беше залепена етикетата за кршење на сопственичките права (copyright), па поради ова многу серверски системи беа затворени. Најголем пример за тоа е Kazaa мрежата. Но, освен тоа посебен проблем при download на големите датотеки претставуваше загушување на серверот на кој се наоѓа датотеката, негово "паѓање" и прекинување на врската. Јасно, со исклучување на серверот, паѓа и целата мрежа. Сепак, во светот на информатичката технологија секогаш има решение за сé. Овој пат решението дојде во облик на BitTorrent протокол.

Веднаш на почеток, BitTorrent протоколот не е нешто најново, тој е познат веќе подолг период и кај нас има голем број интернет-корисници кои одамна го користат. За сите оние кои не слушнале и не знаат за што се работи, нека го прочитаат овој текст.
Како што веќе напоменав, поради нарушување на сопственичките права за преснимување (copyright), а во голема мера и поради лесно рушење на централниот сервер на кој се наоѓаат датотеките, многу поединци и компании започнаа со барање на соодветно решение. Еден од нив, Брам Коен (Bram Cohen), во април 2001 година го создаде протоколот BitTorrent, а истовремено и апликација со исто име. BitTorrent претставува peer-to-peer (P2P) комуникациски протокол, кој е наменет за дистрибуција на датотеки преку peer-to-peer мрежата. Технички гледано, се работи за напреден HTTP протокол кој овозможува вкрстено пренесување на датотеките помеѓу меѓусебно поврзани клиенти, при што преносот на датотеките се врши така што тие се делат на сегменти, се пренесуваат преку мрежата и потоа повторно се составуват во една целина (пред да продолжите со читање на текстот, ви препорачувам прво да ги прочитате објаснувањата дадени во термини и кратенки).

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.