Емитер 9/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Тешко е да се додаде нешто ново на илјадниците страници што се обиделе да го откријат тоа што се случило во Тунгуска пред 100 години. Многу лесно е, пак, сосема обратното, да се заврши со здодевни повторувања и банални општопознати приказни. Но, сепак, ова е ризик што треба да се преземе, не само за да се прослави јубилејот, но и да се земе предвид пошироката поврзаност на постоечкиот ризик на сударот со небесните објекти.
30 јуни 1908 година. Само што помина седум часот од едно ведро утро. Ден како сите други за малкуте жители на далечната област од сибирската тајга, каде што реката Подкаменаја Тунгуска поминува меѓу густата шума од иглолисни дрвја. Но, одненадеш, една светлечка топка, сјајна како Сонцето - како што подоцна ќе кажат сведоците - го преполовува небото. Потоа, бучава што се слуша до 1000 километри далечина, со огромен облак од чад што се крева кон небото. Некои сведоци раскажуваат дека предизвиканиот ветар бил толку топол што ги горел алиштата, други, пак, велат дека се нашле онесвестени на земја, трети, пак, дека почувствувале неколку удари од земјотрес.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.