Автомобилска техника

Блокирачките и посебно самоблокирачките диференцијали се едни од најинтересните склопови за пренос на силина кај моторните возила. Секојдневни се настојувањата овој склоп да се подобри и усоврши.


Аеронаутика

Додека за набавка на воените авиони, покрај нивниот квалитет и цена, значајна улога има и политиката, за патничките авиони важат правилата на слободниот пазар: најдобро се продава производот со најдобар однос квалитет/цена, како и најдобра реклама. Се разбира, малку поддршка и субвенции од државата на производителот не можат да наштетат.


Електроника

Трифазните насочувачи речиси никогаш не се употребуваат во уредите кои секојдневно ги користиме. Ова е разбирливо со оглед на тоа дека трифазните мрежни приклучоци не се наоѓаат на секој ќош како монофазните (шуко) приклучоци. Но, поради одличните карактеристики и едноставноста, трифазните насочувачи се користат во индустриските постројки. Истите причини може да бидат и добар мотив, еден таков трифазен насочувач да изработиме и за нашата работилница.


Аудио и видеотехника

Дигитални аудиоуреди денес има насекаде во радиодифузниот синџир. Дури, во извесен степен, и звучниците се дигитално контролирани. Меѓутоа, микрофоните претежно сè уште се аналогни. Како потврда на тоа е фактот дека пазарот е преполн со микрофони што се направени според старите градби. Затоа, се поставува прашањето дали модерната технологија нема што да им понуди на микрофоните?


Еурека

Целта на трудот е да се утврди дали постои отстапување во психомоторниот развој кај институционализираните деца во однос на нивните врсници кои живеат во своите биолошки семејства. Во ретроспективно-проспективна, case-control студија се опфатени вкупно 131 доенче, на возраст од 0 до 12 месеци кои во Домот за доенчиња во Битола престојувале во текот на 2005 година. Децата се поделени според возраста на три подгрупи.


Информатика

Мрежното поврзување на повеќе уреди не може да се замисли без switch-евите, особено кога е потребно на една врска да се приклучат повеќе уреди. Но, како всушност работи switch-от?


Медицина

Апликацијата на електрични струјни импулси на болното место, а со цел да се редуцира болката, не е новина. Првите записи за примена на електрицитет датираат уште од стара Грција (63 г.пр.н.е.) кога грчкиот лекар Сцрибониус Ларгус ја опишал постапката на ставање електрична риба на болното место. Правилното регионално поставување на електродите и правилното одбирање на електричните параметри на стимулаторот се основен предуслов за негово успешно користење.


На граница на науката

Експертот за ракетна техника Јозеф Блумрих пронашол во Библијата еден интересен опис, кој го протолкувал како опис на вонземен вселенски брод! Тој опис детално го разработил како конструкција на летало, а освен тоа, од тој опис добил идеја за нов вид на омнидирекционално тркало, што го патентирал. Дали неспорното инженерско умеење на Блумрих од еден опис да конструира цел вселенски брод е доволен доказ дека вонземјани ја посетиле Земјата пред 2600 години?


Физика

Во еден напуштен рудник во државата Минесота, САД, физичарите изградиле лабораторија за детекција на честички од таинствена невидлива состојка во универзумот, темната материја, која партиципира со 4/5 од вкупната постоечка материја во космосот.


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате во следниот месец на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Овој месец ќе помине во знакот на Сатурн.


Електроника

Во овој дел следува практична примена на согледувањата, изнесени во текстовите од претходните броеви, преку еден предлог за начинот на сервисирањето и подарок-шема на ТВ-приемник Panasonic TX-21CK1P.


Електротехника

Во претходниот напис на истава тема стана збор за важноста на отпорноста на заземјување и потребата за исправна заземјувачка инсталација. Сега е момент да се премине на она на што е посветен и овој серијал - постапките за мерење на заземјувањето. Во овој број детално ќе биде опишана најкористената метода во праксата - методата со градиент на потенцијалот. Останатите две методи ќе бидат обработени во наредниот број на ЕМИТЕР.


Информатика

Дефект на меморија, за жал, е хардверски проблем, кој не се решава ниту со преинсталација, ниту со форматирање, ниту со ресетирање, ниту со CLEAR CMOS, ниту едноставно, софтверска помош нема! Замената на модулот е единствено решение во тој случај?!?


Информатика

Често пати во праксата наидувам на компјутери кои се толку многу заразени со разноразни злонамерни програми, то понекогаш дури е невозможно да се изврши комплетно чистење на системот, па најдобра солуција (кога е тоа можно) е форматирање на тврдиот диск и повторна инсталација на оперативниот систем. Чуден е фактот што многу корисници мислат дека ако на компјутерот имаат инсталиран антивирусен програм, тогаш сите проблеми се решени. За жал, не е така.


Информатика

До неодамна скриптирањето и креирањето на динамички веб страници беше нешто што многумина "I want to be" веб-дизајнери/програмери не се ни осмелуваа да го пробаат, а мал беше и бројот на оние кои себеси можеа да се наречат гуру во оваа област. Но, во последните години работите почнаа да се менуваат и сè поголем е бројот на оние кои своите веб-страници комплетно ги изработуваат или во нив само имплементираат компоненти напишани во скриптен јазик или популарно наречени скрипти.


Информатика

За крај на серијата Совети и трикови за програмите од пакетот Microsoft Office е помошта за користење на PowerPoint. Програмата е особено интересна за оние кои прават презентации, за кои сликите покажуваат повеќе од зборовите. Всушност, зборовите, оние најважните, се преточуваат во слајдовите, а графиконите и сликите даваат посебен ефект за одлична визуелна презентација.


Информатика

Од една матична плоча произведена во погоните на реномирана компанија како што е Асус секогаш се очекува да понуди врвни перформанси. Asus M3A32-MVP Deluxe WiF-AP Edition во целост го задоволува ова барање. Како основа на матичната плоча е искористен новиот чипсет на AMD-790FX во комбинација со AMD SB600.


Телекомуникации

Сте замислиле ли на некое предавање професорот да ве праша нешто и сите вие да можете во еден момент да дадете одговор, а веќе во следниот момент статистиката од вашите одговори да биде испишана на некој дисплеј. Е не треба веќе да си замислувате, бидејќи Nordic Semicoductor веќе изработува ваков тип на безжични уреди.


Телекомуникации

Од HD/SD Wireless Camera Systems преку дигитални портабл предаватели/приемници за надворешни преноси, компанијата NUCOOM продолжува со иновации и развој во микробрановите системи, интегрирајќи ги дигиталните (COFDM и DVB-S) и аналогните начини на модулација и вградувајќи во системите Test Pattern генератори и програмабилни идентификатори. Како тоа се одвива во практиката можете да се информирате во овој кус напис.


Фототехника

Продолжува "Фотоемитер", нашата рубрика каде што читателите ги презентираат своите фотографии и при тоа освојуваат вредни награди, но истовремено преку коментарите и советите од нашиот фотоселектор имаат и можност да ги подобрат своите фотографски вештини. Во овој број како најдобри се прогласени фотографиите на Владимир Луковиќ, Мартин Димитриевски и Елена Ѓорѓиевска, но уште неколку други влегуваат во изборот за годишната изложба и признанија.


Омнибус

Небесните убавини и за лицата со оштетен вид;
Гиганска снага во мали пакувања;
Вода во пламен;
HP најпродаван печатач во светот;
Месинџер најде докази за поранешен вулканизам на Меркур;
Дали мажите можат да произведуваат "татковско мајчино млеко";
Сателитот за тестирање на системот Галилео подготвен за лансирање;
200W аудио во класата BACH;
Отклучување на вратата со поглед;
Отворен ИПТВ форум;


Астрономија и астронаутика

Доколку сакал да си ја заврши својата работа на време, човекот од секогаш морал да го мери времето. Морал да знае кога да ора, кога да сее, кога да жнее, кога плодовите се за собирање, кога ќе има принова и сл. Најстарите календари потекнуваат од Асировавилонската држава како лунарен и староегипетската држава како сончев календар, од кого преку римскиот календар потекнува и денешниот календар.


Информатика

Вградувањето/замената на мемориските модули е релативно едноставен зафат, каде што можноста за правење грешка е сведена на најмала можна мерка. Но, согласно со природата на рубрикава, да погледнеме како изгледа тоа преку слики и текст.


Електроника

Бидете во тренд со времето, наместо со живин или алкохолен термометар мерете ја собната температура со помош на електронски термометар кој детално е опишан во текстот што следува. Во него подетално е опишан принципот на работа, начинот на изработка и предностите во однос на конвенционалните термометри.


Електроника
Готов засилувач како филтер на опсег на фреквенции

Основните видови засилувачи, опишани во претходниот број на ЕМИТЕР, се користат и за некои други цели, коишто можат да ги постигнат. Во синџирот на аудиозасилувачите, тие можат да ја извршуваат функцијата на регулација на јачината на сигналот, да бидат филтри со коишто се формира фреквенциската карактеристика, како и некои други функции. За таа цел, тие можат да бидат едностепени, или да се врзуваат во каскада.


Електротехника
Макита HM1810

Производите на јапонската компанија МАКИТА сé почесто се избор на професионалците од областа на изведба и монтажа во градежништвото. За високите перформанси и квалитетот на производите на оваа реномирана компанија досега имаме пишувано во неколку наврати. Во оваа прилика ќе ви претставиме три кршачки чекани наменети за кршење и уривање, кои се во самиот врв на производи за ваква намена. Тоа се моделите HM1810, HM1202C и HM0860C.


Научна фантастика

На 18.3.2008, во Шри Ланка, почина Артур Кларк (Arthur C. Clarke), најпознатиот жив писател на научна фантастика, автор на светски познатата "Одисеја во вселената 2001" и идеен творец на системот на телекомуникациски сателити поставени во геостационарна орбита.


Писма
Браво за ФотоЕМИТЕР
Премотување на звучници
Прекини на сигналот кај 50W засилувач
Идеја за нов електромотор