Емитер 4/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
До неодамна скриптирањето и креирањето на динамички веб страници беше нешто што многумина "I want to be" веб-дизајнери/програмери не се ни осмелуваа да го пробаат, а мал беше и бројот на оние кои себеси можеа да се наречат гуру во оваа област. Но, во последните години работите почнаа да се менуваат и сè поголем е бројот на оние кои своите веб-страници комплетно ги изработуваат или во нив само имплементираат компоненти напишани во скриптен јазик или популарно наречени скрипти. Кога станува збор за скриптирачките јазици, PHP е убедливо најпопуларниот, бесплатен, а воедно и еден од најмоќните програмски јазици наменет за веб-апликации.
Кратенката PHP претставува рекурзивен акроним и нејзиното полно име е PHP Hypertext Preprocessor. Зад ова име, како што наведов и во апстрактот, се крие еден од најмоќните скриптирачки јазици кој се извршува на серверската страна. Тоа значи дека скриптите напишани во PHP не се извршуваат во пребарувачот на клиентот (како JavaScript скриптите, на пример) туку на серверот од каде се повикува скриптата. Благодарејќи на овој принцип на работа, програмерите нема потреба да се грижат за компатибилност на нивните скрипти, бидејќи сè што добива корисникот, т.е. неговиот пребарувач е чист HTML код.
Тоа што PHP ја има етикетата на Open Source софтвер, му овозможи на овој јазик бргу да се пробие меѓу програмерите и да ги истисне постарите јазици од типот на Perl и CGI. Уште повеќе благодарејќи £ на дарежливоста на Open Source заедницата, чии приврзаници несебично го споделуваат кодот на скриптите кои тие ги пишуваат, учењето на PHP преку готови примери е уште поедноставно. Постојат многу веб-страници од каде можете да преземете готови скрипти и да ги искористите какви што се или пак да направите измени во нивниот код, но барем за мене креирањето на ваше дело е речиси секогаш подоброто решение.
Корисни линкови
Линк за XAMMP:
http://www.apachefriends.org/en/xampp-windows.html#641
Линк за Apache:
http://mirrors.24-7-solutions.net/pub/apache/httpd/binaries/win32/apache...
Линк за PHP:
http://www.php.net/get/php-5.2.5-win32-installer.msi/from/a/mirror
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.