Рубрика: Електроника
Трифазни насочувачи
Автор: Кирил Крстевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Трифазните насочувачи речиси никогаш не се употребуваат во уредите кои секојдневно ги користиме. Ова е разбирливо со оглед на тоа дека трифазните мрежни приклучоци не се наоѓаат на секој ќош како монофазните (шуко) приклучоци. Но, поради одличните карактеристики и едноставноста, трифазните насочувачи се користат во индустриските постројки. Истите причини може да бидат и добар мотив, еден таков трифазен насочувач да изработиме и за нашата работилница.

Насочувачите се енергетски претворувачи кои наизменичниот мрежен напон го претвораат во еднонасочен напон со одредена вредност погоден за напојување на одредени потрошувачи. Постојат повеќе параметри по кои насочувачите меѓусебно се разликуваат. Во овој текст е даден краток опис на работата на секој од насочувачите поединечно. За секој насочувач е направена прецизна графичка анализа на нивната работа и се наведени битните параметри во облик на изрази. Потоа следува дискусија во која се истакнуваат особините на различните типови насочувачи и меѓусебно се споредуваат.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.