Рубрика: Емитер ви најавува
Електронски изданија на броевите од 2013
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 10.11.2021 - 14:45

Иако сè уште не оди со посакуваното темпо, сепак дигитализацијата на изданијата на ЕМИТЕР достигна уште еден важен момент. Емитер ја зголеми колекцијата на достапни е-изданија, па така во е-продавницата на ЕМИТЕР од денес се достапни сите изданија на списанието од 2013 година во дигитален формат.

Како што веќе знаете електронското издание е во формат на т.н. флипбук, односно го има истиот облик како и печатеното издание, со што е направен ефикасен спој помеѓу старата (печатарска) и новата (информатичка) технологија. Во оваа прилика би сакале да ве потсетиме на само неколку легендарни проекти за самоградба – Детектор на лилјаци, Дигитален ехо-реверб процесор EERev-4, Наједноставен ФM-радиоприемник, Собен термометар со 30 LED-диоди, Синусен сигнал-инјектор, Часовник со 28 светлечки диоди, Звучен билборд, ФМ-радиоприемник со ламби, и написи – Обликот на универзумот, Air Tractor AT-802, Хигсовиот бозон отвори ново пророштво за крајот на светот!, Македонски правилник за енергетски карактеристики на згради, Поглед кон IDF2013 Сан Франциско, Skyactiv технологија, Енигмата на тунгуската експлозија разрешена?, Одблиску: Аудиозасилувачи од класа Д, Светлината како информатички медиум или дали Li-Fi е новиот Wi-Fi?, Одбрана од кибер нападите – основни принципи и начини, како и неколку интересни серијали –Авионите на иднината веќе се проектираат (серијал), Кранови и нивен принцип на работа (серијал), Операциона сала: Звучници од наши читатели (серијал), Изработка на водоводни системи (серијал), Неверојатниот Тесла (серијал), Топловодно греење (серијал), Микроконтролери од серијата PIC16F87x (серијал), Проекти за звучни кутии од оваа, 2013 година. Јасно, освен споменатите наслови во изданијата ќе најдете и многу други интересни теми.

Електронските изданија ја зголемуваат достапоста на содржините од списанието како со лесниот пристап така и со нивната пониска цена. Се надеваме дека овој пристап веќе ве освои и веќе имате своја сметка во е-продавницата на ЕМИТЕР, па ако понудата ве заинтригира, повелете и одберете некој од броевите достапни тука.

Можеби новата понуда ќе биде поттик за изработка на некој од проектите од овие броеви, а можеби веќе сте изработиле некој од нив. Во било кој случај ЕМИТЕР би сакал да ја види вашата изведба на некој од проектите објавени во списанието, а фотографиите од вашиот труд ќе бидат поставени на страницата на соодветниот напис, секако со награда за вас во вид на гратис примерок од ЕМИТЕР. Повеќе за ова тука

Истовремено би сакале да напоменеме дека за дел од групните претплатници од образовните институции пристапот до дел од овие изданија наскоро може да биде вклучен во претплатата. Имено, ве потсетуваме дека пред некоја година на нашата веб-продавница www.emiter.mk развивме систем преку кој е овозможена групна претплата и пристап до електронското издание на сите ученици, студенти и вработени во некоја институција, кога тие пристапуваат од ИТ-мрежата на таа институција. Со ова се создава можност да одобриме навистина огромен попуст за таков вид на групна претплата. Први корисници на системот за групна електронска претплата се студентите и вработени од “матичниот“ факултет на Емитер – Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) од Скопје, а од оваа година ним им се приклучија и неколку средни училишта.

На крај, би сакале да кажеме дека редакцијата ќе се потруди во што поскоро време да ве израдува со уште неколку постари изданија на ЕМИТЕР што ќе станат достапни во електронска верзија.

Имајќи ја предвид обемноста на потфатот на дигитализирање на целата архива на списанија, како и малата екипа задолжена за овој процес, тој во моментов се одвива постепено и со повремени паузи. Па, од вас драги читатели очекуваме трпение и поддршка на нашата мисија, исто како и досега. wink

Клучни зборови:
Индекс на написите во 2013 година

Индекс на написите во 2013 година