Емитер 7-8/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Откривањето на Хигсовиот бозон, на физичарите им овозможи да ја пресметаат стабилноста на нашиот универзум, според сега веќе познатата маса (енергија) на наведениот бозон. Резултатите од пресметката покажале дека нашиот универзум не е апсолутно стабилен, туку дека тој е во т.н. метастабилна состојба, па некоја додатна енергетска возбуда, која може да се случи секој момент, може да го втурне во катаклизма, и тој да се урне во самиот себе!
На 4 јули, 2012 год., агенцијата на CERN триумфално го објави откривањето на Хигсовиот бозон, последната дотогаш сè уште неоткриена елементарна честичка во "Стандарниот модел на елементарни честички", претскажана уште во далечната 1996 год. (ЕМИТЕР бр. 7-8/2012: "Што по откривањето на Хигсовиот бозон"). Епохално откритие, кое им овозможи на физичарите-теоретичари да го пресметаат степенот на енергетската стабилност на универзумот според сега веќе познатата маса (енергија) од 125 GeV на Хигсовиот бозон (да се потсетиме, според Ајштајновата равенка на векот Eo= m•c^2, енергијата е еквивалент на масата). Пресметката ја реализира една работна група теоретичари под раководство на Џон Џудиче (Gian Giuduce – слика 1), теоретичар во CERN, меѓутоа, таа обелодени вознемирувачки резултат. Имено, просторот, во којшто е "нурнат" нашиот универзум, не е апсолутно стабилен, туку тој се наоѓа во т.н. метастабилна состојба, која лесно може да се промени во нестабилна состојба под дејство на некој евентуален вознемирувачки енергетски импулс. Ако тоа се случи, секој електрон во универзумот ќе ја зголеми својата маса и поради тоа ќе се струполи во атомското јадро, па целиот универзум ќе се збие во самиот себе! По пророштвото на Маите за апокалипса на светот на 21 декември, минатата година, кое сè уште ни е во сеќавање, а кое според науката беше без никаква научна основа, еве сега самата наука со математички пресметки претскажува перманентна закана за можна апокалипса на светот! Но, да одиме по ред!
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.