Електроника
Изработениот Marshall Guv’nor од Жарко Петковски и оригиналнот

Гитарските педали овозмо­жу­ва­ат бескрајно големо море на богат­ство од дополнителни звуци што го збогатувааат гитарскиот израз. На пазарот може да се најдат огромен број различни гитарски педали, за сечиј вкус, а и цените се прифат­ливи. Голем дел од нив имаат ед­ноставна електроника во себе, што е лесна за самоградба и за запоз­навање со оваа интересна област. Овој проект претставува самоградба на старата, добра гитарска педала Marshall Guv’nor.


Електроника

Во минатиот број ја презентирав интересната историја на електричните гитари и почетоците на гитарските ефекти, а овде ќе продолжам со претставувањето на гитарските ефекти од видовите на дисторзиски и модулациски ефекти, кои се најзастапени и најбарани. Во следното, трето и финално продолжение ќе ги опишам ефектите добиени со временско доцнење на сигналот, како и некои други видови ефекти кои не можат да бидат категоризирани во горните групи.


Информатика

Препознавањето е едно од основните својства на човекот. Тоа е својство и на компјутерот. Додека човекот сосема лесно ги интерпретира црните и белите полиња на хартијата како букви, линии, форми, за компјутерот тие и понатаму остануваат само низи од единици и нули во неговата меморија. Екстрахирањето на основните информации од низата единици и нули во компјутерската меморија и нивното претставување и интерпретација во форма соодветна за понатамошна обработка со компјутер се сведува на проблемот на препознавање облици (примероци). Ова е посебна гранка од информатиката и со неа ќе ве запознаеме преку оваа серија на написи.


Хемија

Микроскопски честички од пластика, таканаречена микропластика, има насекаде – од длабоките океани и мразот на Антарктикот до прехранбената сол и пивото. Истражувачите проценуваат дека најтешко погодените луѓе може да внесуваат количина на микропластика колку една кредитна картичка секоја година. Но, не знаеме дали ова е опасно. Микропластиката е насекаде, но дали е штетна? Научниците брзаат да ги проучат малите пластични честички што ги има кај морските животни и кај нас. Тие се справуваат со предизвикот да ги проучат можните здравствени ефекти на микропластиката, која има различни форми, големини и хемиски состав.


Електроника
Моментот на триумф – уредот работи совршено

Додека работам на компјутер, секогаш слушам музика од некое интернет радио при што музиката никогаш не е гласна, но сепак постојано е присутна покрај мене. Како помину­ваше времето слушајќи ги радиоста­ници­те, сè повеќе почна да ми пречи лошиот и фреквентно ограничен тон кој доаѓаше низ малите компјутерски звучници на мојата маса. Така решив да одвојам дел од времето во конструкција на фи­зич­ки мал и не многу моќен аудио­за­силувач, но засилувач кој има одлични перформанси, мали димензии и лесна конструкција со електронски компоненти кои лесно се набавуваат и немаат високи цени.


Научна фантастика

Речиси секое дело во научната фантастика може да се смести во две, три, па и повеќе теми. Ова се должи на тоа што нема изолирани појави, па кога ќе се спомене една неизбежно е да се спомене и друга тема. Токму затоа секоја дискусија за темите е мошне неблагодарна работа. Сепак, во глобала тематиката во научната фантастика може да се подели во две основни групи – екстровертна и интровертна –  кои понатаму се расчленуваат на соодветни подгрупи. Во овој напис ги разгледуваме есктровертните теми во СФ-от.


Информатика

Биткоинот и криптовалутите земаа огромна популарност последниве месеци. За Биткоинот се зборува насекаде, од секаква популација – помлада, повозрасна, побогата, посиромашна, пообразована и не баш толку образована, од инженери, пекари, водоводџии, адвокати, продавачки во маалски дуќанчиња до универзитетски професори и политичари. Што е тоа што им е заедничко на сите набројани, и уште повеќе пропуштени? Дали го знаете одговорот? Замислете се без да ја прочитате следната реченица...


Телекомуникации

Раната историја на радиото на поранешните југословенски простори се случува во времето на постоењето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (СХС), подоцна Кралството Југославија. Формирањето на првите радиостаници било резултат на влијанието на она што во тоа време се случувало во радиотехнологијата во Европа и во светот пошироко.


Астрономија и астронаутика

Темната материја е светлата иднина на астрофизиката! Едноставно, однесувањето на космички големите објекти, како што се околните галаксии, не можат да се објаснат со гравитационите последици од масата на видливите ѕвезди – има тука нешто многу помасивно, но темно и невидливо, што е наречено темна материја. Астрофизичарите се трудат да најдат која и каква е таа темна материја и од што е составена. Во тие напори секакво откритие е добредојдено, па и она кое кажува од што не е составена таа темна материја – така се намалува изборот на кандидатите за темната материја, олеснувајќи го фокусирањето на научниците на можните, вистински кандидати за загадочната темна материја.


Аудио и видеотехника

Според големиот број добиени резултати во институтите низ целиот свет, заклучено е дека човечкото око реагира многу повеќе на промената на интензитетот на светлината во однос на промената на бојата. Токму оваа особина е искористена при методите на компресирање на дигиталните видеосигнали. Постојат два основни метода за компресирање, а тоа се метод со контролирани загуби, односно компресиран сигнал со намалување на неговиот квалитет (Lossy Compression), и метод без загуби (Lossless Compression).


Научна фантастика

Научната фантастика денес, застапена во три жанра кои исклучиво ја претставуваат филм, стрип, книга, доживува трансформација во перцепцијата и во начинот на нејзиното консумирање.


Електроника

Nerd Watch е електронски рачен часовник кој го прикажува времето во бинарен формат со само две ЛЕД-диоди, едната која означува бинарна единица (1) и другата која означува бинарна нула (0).


Аеронаутика
AT 802L Longasword на писта со вооружување

Во 2013 година пишував опширно за авионот од типот АТ-802 и неговата примена во гаснење на пожари и авиотретирање на земјоделски површини во Република Македонија, но и пошироко. Но, успешната конструкција и неговата моќ не останаа незабележени од воените стручни лица, па од авион за мирнодопски цели се претвори  во авион – вооружен борец, односно беше преработен во воена верзија.


Аудио и видеотехника

Сметајќи дека во нив нема некои големи подобрувања, планирав да направам само краток осврт на освежената серија од пасивните звучнички системи од линијата „Ц”. Но, кога Теохаров ме запозна со некои конструктивни детали, падна договор за подолго слушно тестирање. По низа одлагања, едно утро на моја адреса пристигна пар звучници C Reference со кои поминав речиси цел месец. Па, еве ги впечатоците и резултатите од оваа дружба...


Медицина

Неспорно е дека постојат многу дезинформации во врска со здравата исхрана, особено за внесот на масти и протеини нивната врска со нивото на холестерол и триглицериди во крвта, како и евентуалните последици по здравјето. На оваа тема дискутираат Влатко Поповски, кој ја застапува тезата за “липотаријанска”диета со високо ниво на холестерол, и скептикот Владимир Филевски, кој ја застапува умерената и конзервативна страна на науката.


Информатика

До неодамна, дизајнерите на мрежи и инсталатерите создаваа „идеална” инс­та­лација за каблирање, уште во први­те фази на проектите за каблирање. Идејата е се­когаш да се изнајде најефи­кас­но ре­ше­ние за одредена мрежа. Сепак, денешната инфраструктура бара нов прис­тап, со усвоју­вањето на новите техноло­гии што водат кон континуирана потреба за по­голем опсег, како што е ИоТ. На не­под­готвени мрежи, ова може да доведе до забаву­вање во одредени периоди или одредени функции да ста­нат недостапни. Но, ова не мора да биде така...


Архитектура и градежништво

Зголемувањето на изолациските својства на материјалите за топлинска изолација е светски тренд. Најефикасна можност нуди употребата на вакуум. Но, генерален проблем претставува херметизирањето на вакуумот. За решавање на овој проблем постојат различни пристапи: вакуумирани изолациски панели (ВИП), вакуумирани стаклопакети и решенија на микрониво, како што се керамички сфери со затворен вакуум. Додека примената на ВИП е ограничена од фактот дека дури и малите повреди на метализираната обвивка што го обезбедува вакуумот го уништуваат изолацискиот ефект на целиот панел, пристапот на микрониво, со керамички сфери, е многу повеќе робустен на локалните повреди, со што се добиваат атрактивни изолациски својства во споредба со стандардните изолациски производи.


Физика

Кон крајот на 60-тите години на 20-тиот век кон сознанието на Поинкаре и Адамар за зависноста на динамичните системи од почетните податоци се додадени две нови сознанија: во првото, се работи за емпириското сознание на Лоренц за математички модел на атмосферата со мал број (прво три, а потоа околу дванаесет) степени на слобода, а во второто, за истражувањето на Арнолд за систем со бескрајно многу степени на слобода. Двата система покажуваат експоненцијална нестабилност од почетните податоци. Заедно со тешкотиите кои се сретнуваат во пракса при претскажувањето на времето, овие сознанија даваат општа слика: во принцип не може да се предвиди движењето на атмосферата подолго од две недели поради неговата експоненцијална зависност од почетните податоци. Со тоа ефектот на пеперутката, кој беше поставен како ретко својство на еден специјален систем, се прифати како општ принцип. Но, со помош на статистичката механика оваа догма денес е побиена.


Информатика

Не секоја од врските на Википедија референциите функционира – некои водат до згаснати сајтови, некои до книги достапни само во печатена форма, некои до содржини достапни единствено со плаЌање. И тука на сцена стапува Интернет Архивата, која има за цел да овозможи непречен пристап до изворните информации. Операторот на Wayback Machine им овозможува на корисниците на Википедија да ги проверуваат референциите, како од книги така и од веб-извори. Навидум едноставна работа...


Електротехника

Секој што сервисира земјоделски или градежни машини е запознаен со потребата редовно да се внесува маст за подмачкување на компонентите од машините, за да се намали трошењето на компонентите. Механичките алатки за внесување маст се стандардна алатка што се користи за таа намена со години наназад, но новите модели од Макита кои се одликуваат со истите механички карактеристики нудат низа погодности кои ги прават вистинска замена за механичките.


Информатика

Знаеме дека е фрустрирачки кога ќе се најдете во ситуација да ви се потребни IP или MAC-адресите од некој уред во рамките на вашата мрежа и слично, а нив никаде не сте ги впишале. Има решение, но потребно е малку трпение. И неколку команди!


Електроника

Во повеќе прилики потребна е видлива сигнализација која ќе го означи достигнувањето на нивото на течноста над дозволеното ниво во некој систем. Таков е случајот, на пример, кај резервоарите за вода за пиење на некои локации. Тука ви претставуваме едно едноставно решение за едноставен аларм којшто функционира на сличен принцип со оние во споменатите системи.


Хемија

Светот е преплавен со отпад од вештачки полимери. Преголемата потрошувачка на пластика, особено за еднократна употреба, создава глобална катастрофа на отпадот, со широко распространети еколошки, економски и здравствени последици. Затоа, од неодамна се прават обиди за  користење на отпадните пластични материјали како суровина во хемиската индустрија, со други зборови, се испитуваат можности за хемиско трансформирање на вештачките полимери во нешто друго.


Астрономија и астронаутика

Во 1974 година познатиот британски астрофизи­чар Стивен Хокинг ги изненадил научниците објавувајќи револуционерна теорија, според која црните дупки не се трајни космички објекти, туку со текот на времето и тие постепено ја губат својата маса поради тоа што постојано емитуваат радијација (во негова чест наречена Хокингова радијација), за на крај целосно да исчезнат. Хокинговата радијација веќе беше експериментално потврдена од група истражувачи од Инс­титут­от за технологија во Хаифа, Израел. Сега стаса и втора потврда за постоењето на Хокинговата радијација...


Автомобилска техника

Во актуелниов момент постои стремеж да се раздвојат бензинските мотори – од кои се бараат повисоки перформанси, вклучувајќи и спортски, а чија потрошувачка на гориво е во втор план – од бен­зин­ските мотори од кои не се бараат некој по­себни пер­форманси, а служат за секојдневни обични превозни потреби за кои потрошувачката на гориво избива во преден план. Тоа доведе до ситуација од “нафталин” да се извадат Аткинсоновиот и Миле­ровиот термодина­мички циклус за автомобилските мотори. Хибридните погони речиси редовно имаат мотор СВС со Милеров циклус, кој се одликува со многу мала потрошувачка при полно оптоварување. Во написот кој следува, ќе се запознаеме со овие циклуси.


Омнибус

Убавите цвеќиња се проучуваат повеќе; Површината на Венера е геолошки активна!; Научниците ја претворија чистата вода во метал; Грамофон TechDAS Air Force Zero; Која е најдолгата патека во Формула 1 досега?; Знаци дека вашиот телефон е хакиран; Најголемиот светски производител на батерии воведува натриум-јонски батерии; Засилувач Vanderveen Trans-SE10; Тешката форма на ковид ги нарушува когнитивните способности?; Талент – новиот аудиокодек на AEQ; Астрономите детектираа кружен диск околу екстрасоларна планета; Работи што во секоја минута се случуваат онлајн; Откриени нови типови на елементарни честички; Мегапроцесор побрз од суперкомпјутер; Што се огледува во визирот на Олдрин?