Емитер 1-6/2021.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во 1974 година познатиот британски астрофизичар Стивен Хокинг ги изненадил научниците објавувајќи револуционерна теорија, според која црните дупки не се трајни космички објекти, туку со текот на времето и тие постепено ја губат својата маса поради тоа што постојано емитуваат радијација (во негова чест наречена Хокингова радијација), за на крај целосно да исчезнат. Хокинговата радијација веќе беше експериментално потврдена од група истражувачи од Институтот за технологија во Хаифа, Израел. Сега стаса и втора потврда за постоењето на Хокинговата радијација...
Сега стаса и втора потврда за постоењето на Хокинговата радијација која произлезе од податоците детектирани уште во 2015, кога научниците за првпат успеале да ја идентификуваат брановата природа на гравитацијата, следејќи ги гравитациските бранови од две црни дупки во бинарен систем, кои на крајот се судриле. Наодот бил реализиран во опсерваторијата LIGO и своевремено беше објавен во журналот Physical Review. Истиот наод е повторно актуализиран со цел да помогне во разрешување на мистеријата во врска со Хокинговата радијација.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-6/2021. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.