Рубрика: Хемија
Дизел гориво од стари пластични шишиња
Автор: Розалина Митковска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1-6/2021.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Светот е преплавен со отпад од вештачки полимери. Преголемата потрошувачка на пластика, особено за еднократна употреба, создава глобална катастрофа на отпадот, со широко распространети еколошки, економски и здравствени последици. Затоа, од неодамна се прават обиди за  користење на отпадните пластични материјали како суровина во хемиската индустрија, со други зборови, се испитуваат можности за хемиско трансформирање на вештачките полимери во нешто друго.

Еден таков, успешен обид неодамна беше објавен во списанието Nature Catalysis. шеснаесет научници од целиот свет, кои работат во американски институти, објавија научен труд „Каталитичко преработување на полиетилен со висока густина (HDPE) преку постепен механизам” („Catalytic upcycling of high-density polyethylene via a processive mechanism”). Зад овој прилично сложен наслов се крие едноставна идеја: да се претвори полиетиленoт во мешавина од јаглеводороди со помош на вештачки ензими.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-6/2021. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.