Емитер 1-6/2021.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Темната материја е светлата иднина на астрофизиката! Едноставно, однесувањето на космички големите објекти, како што се околните галаксии, не можат да се објаснат со гравитационите последици од масата на видливите ѕвезди – има тука нешто многу помасивно, но темно и невидливо, што е наречено темна материја. Астрофизичарите се трудат да најдат која и каква е таа темна материја и од што е составена. Во тие напори секакво откритие е добредојдено, па и она кое кажува од што не е составена таа темна материја – така се намалува изборот на кандидатите за темната материја, олеснувајќи го фокусирањето на научниците на можните, вистински кандидати за загадочната темна материја.
Невидливата т.н. “темна материја” (Dark matter), според пресметките на научниците партиципира во универзумот со износ од околу 63% во однос на видливата, т.н. барионска материја во него. Иако невидлива, постоењето на оваа материја научниците го откриле врз основа на нејзиното забележливо гравитациско дејство врз галаксиите и врз нивните јата, меѓутоа нејзиното потекло остана сосема непознато за научниците, па таа енигма за нив претставува неколкудецениски предизвик.
Но, научниците досега не успеале да идентификуваат ниту елементарни честички носители на темната материја, ниту пак примордијални црни дупки, па истражувањата за потеклото на темната материја започнаа да згаснуваат. Меѓутоа, кога во 2015 година, беа детектирани гравитациските бранови, интересот за потеклото на темната материја повторно се интензивира...
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-6/2021. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.