Рубрика: Аеронаутика
AT 802-2U Longsword – борбена верзија на познатиот противпожарен авион АТ802
Автор: Перица Поповски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1-6/2021.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


AT 802L Longasword на писта со вооружување

Во 2013 година пишував опширно за авионот од типот АТ-802 и неговата примена во гаснење на пожари и авиотретирање на земјоделски површини во Република Македонија, но и пошироко. Но, успешната конструкција и неговата моќ не останаа незабележени од воените стручни лица, па од авион за мирнодопски цели се претвори  во авион – вооружен борец, односно беше преработен во воена верзија.

Со оглед на поголемото временско растојание од првиот напис (во ЕМИТЕР 6/2013), тука би ги повторил податоците за неговото производство и намена. Авионот AT-802  се користи во земјоделието и противпожарната заштита, а од неодамна се јавува и во улога на авион за воена намена, односно лесно се прилагодува за употреба во воени цели. Првите летови се направени  во САД  во октомври 1990 година, а произведен е од Air tractor  inc. AT-802 носи  хемиски бункер помеѓу мотор­ниот ѕид и кокпитот (кабината) додека другиот под стомакот.  Потеклото на авионот е од САД и токму воените стручни лица на САД ги разгледаа сите негови карактеристики и погодности за употреба во офанзивни и дефанзивни борбени дејствија.

Клучни зборови:
AT 802L Longasword на писта со вооружување

AT 802L Longasword на писта со вооружување

Авионите AT802 Fire Boss во сопственост на Република Македонија

Авионите AT802 Fire Boss во сопственост на Република Македонија

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-6/2021. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.