Емитер 1-6/2021.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Научната фантастика денес, застапена во три жанра кои исклучиво ја претставуваат филм, стрип, книга, доживува трансформација во перцепцијата и во начинот на нејзиното консумирање.
Научната фантастика си влече директен корен од преданијата кои потоа им се додаваат на најновите научни цивилизациски новотарии од појавата на електрицитетот па наваму. Сликарството, и тоа како, по Јероним Бош си доживува свои пикови со храбрите, одважни сликарски мотиви кои од фрескоживописот, до ренесансата се занимаваа исклучиво со човечки и со библиски мотиви, но врвот настанува со надреализмот, особено на Дали и неговите мутации, димензионално-временски трансмутации инспирирани од соништа, но и од широкиот светоглед на авторот, па и на оние по него.
Науката ги прошири видиците; за жал, употребата на иновациите дојде дури по најголемите кризи и војни, но и како такви, тие беа утеха и сон за подобро утре. СФ операта, книгите за футуризмот и приказните вткаени во нив, визијата дека иднината може да биде само и само подобра, бидејќи овој свет движен од науката ги возвиши писателите како Кларк, Асимов, Херберт до ниво на писателски божества. Децениите минуваат и глобалното село полека станува електрифицирана паланка предозирана со технологија која почнува да се злоупотребува во име на нашето здравје, мир, спокој и борба против злото тероризам.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-6/2021. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.