Емитер 1-6/2021.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Мал Hi-Fi засилувач кој има одлични перформанси, мали димензии и лесна конструкција. Електронски компоненти кои лесно се набавуваат и немаат високи цени.
Поголемиот дел од времето сè повеќе го поминуваме покрај нашите компјутерски единици. Несомнено, во оваа група се гледам и себеси, бидејќи покрај обврските што ги имам во текот на денот надвор од мојот дом, речиси ¼ од времето кога сум дома го поминувам покрај компјутерот. Додека работам, секогаш слушам некоја музика којашто, се разбира, никогаш не е гласна, но сепак постојано е присутна покрај мене. Покрај масата имав стари активни мали звучници кои не заземаа многу простор, но и не звучеа добро. Всушност, во прво време ми служеа за информативни цели, да се слушне некоја порака на YouTube, или некој новинарски прилог, чиј линк залетал во моето електронско поштенско сандаче. Но, со текот на времето се појавија многу радиостаници чии стримови можат да се слушаат преку интернет, па така постојано наоѓав нова станица чиј избор на музика почнуваше сè повеќе да ми се допаѓа. Како поминуваше времето слушајќи ги радиостаниците, сè повеќе почна да ми пречи лошиот и фреквентно ограничен тон кој доаѓаше низ малите активни звучници на мојата маса. Така решив да одвојам дел од времето во конструкција на физички мал и не многу моќен аудиозасилувач.
Поглед во внатрешноста на изработениот мал PC QUAD засилувач
ИК: LM833N, LM3886TF, LM7818, LM7918, LM7812
транзистори: 2N5551
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-6/2021. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.