Емитер 1-6/2021.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во актуелниов момент постои стремеж да се раздвојат бензинските мотори – од кои се бараат повисоки перформанси, вклучувајќи и спортски, а чија потрошувачка на гориво е во втор план – од бензинските мотори од кои не се бараат некој посебни перформанси, а служат за секојдневни обични превозни потреби за кои потрошувачката на гориво избива во преден план. Тоа доведе до ситуација од “нафталин” да се извадат Аткинсоновиот и Милеровиот термодинамички циклус за автомобилските мотори. Хибридните погони речиси редовно имаат мотор СВС со Милеров циклус, кој се одликува со многу мала потрошувачка при полно оптоварување. Во написот кој следува, ќе се запознаеме со овие циклуси.
Анимација во која можат да се видат различните одови на клипот кај Аткинсоновиот механизам.
Има поединци кои никогаш не мируваат, предложуваат подобрувања, иновации, со цел за подобрување на некои перформанси, пред сè економичноста на моторот. За жал, во своето време овие иновации останале помалку или повеќе незабележани, а причина за тоа е незаинтересираноста на производителите на моторите со внатрешно согорување (СВС). Денеска работите се сосема изменети и се искористува и најмалата можност за подобрување на економичноста на моторот. Така, Аткинсоновиот и Милеровиот циклус наеднаш станаа актуелни, и тоа многу повеќе отколку во своето време кога биле презентирани во јавноста. Никогаш во историјата на автомобилите прашањето за енергијата за нивниот погон не било повеќе изострено отколку денес. За среќа, денес на располагање ја имаме и современата технологија, која ни овозможува да ги постигнеме денешниве резултати кои, мора да се сложиме, се за секоја почит.
Заради едноставниот клипен механизам кој е симетричен (во однос на одовите на клипот), кај денешниве мотори СВС, тактот на компресија е со иста должина со тактот на експанзија, што од аспект на искористување на циклусот е неповолно. Причина за тоа е што полнењето е обилно, за компресија се троши многу работа, а при овие услови експанзијата е скратена и мора дел од гасовите кои сè уште се под притисок и можат да се искористат, на крајот на експанзијата принудно и предвреме да се исфрлат во атмосферата со притисок многу поголем од атмосферскиот. Притоа се губи дел од корисната работа, и тоа од едноставната причина што клипот дошол до својата крајна долна положба (ВКП) и не може повеќе да се повлекува. Впрочем, идеално би било да може практично да се реализира таков клипен механизам при кој одовите на сите 4 тактови би биле различни и според потребите на циклусот. При ова моторот би бил најекономичен, а реализираниот термодинамички циклус би бил со најголема ефикасност.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-6/2021. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.