Емитер 1-6/2021.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Препознавањето е едно од основните својства на човекот. Тоа е својство и на компјутерот. Додека човекот сосема лесно ги интерпретира црните и белите полиња на хартијата како букви, линии, форми, за компјутерот тие и понатаму остануваат само низи од единици и нули во неговата меморија. Екстрахирањето на основните информации од низата единици и нули во компјутерската меморија и нивното претставување и интерпретација во форма соодветна за понатамошна обработка со компјутер се сведува на проблемот на препознавање облици (примероци). Ова е посебна гранка од информатиката и со неа ќе ве запознаеме преку оваа серија на написи.
Во овој прв дел од темата ќе се запознаеме со:
• Основните поими, дефиниции и принципи во процесот на препознавање примероци (процес на препознавање примероци, примерок за препознавање, користење на компјутерските системи и останатите информациски технологии во процесот на препознавање);
• Основните методи за препознавање на непознат примерок: метод на класификација; класификатори; евалуација на обучен систем; Баесова грешка; класификатор со опција за отфрлање; димензионалност на класификатор; оптимизирање на класификатори.
Извадок од книгата “Препознавање на облици” (д-р А. Сефиданис, м-р З. Каевиќ, м-р Б. Раичевиќ Велковска) достапна во е-продавницата на ЕМИТЕР
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-6/2021. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.