Неодамна Microsoft најави дека ќе се откаже од ширењето на дејностите на виртуелната гласовна секретарка, AI асистентката Cortana за уредите со Андроид и iOs. За возврат, тие исто така најавуваат дека сакаат да ја зголемат нејзината улога (и памет) кај Windows системите.
Во тоа веќе можат да се уверат сите тестери кои на почетокот од овој месец ја добија надградбата Windows 10 Insider preview Build 2027, а коишто според најавите сега имаат можност со гласовни команди да ги пребаруваат датотеки и програмите на својот компјутер. Cortana станала толку паметна што знае што бара дури и ако го не се изговори во целост името на програмата или на датотетката.
Во објавата од 3 декември на нивниот блог, Microsoft наведува неколку примери од едно вакво пребарување, по теркот на коишто Cortana би ги разбрала упатените нецелосни прашања. Па така, нејзината AI ќе може од прва да ги лоцира датотеките ако, на пример, изговорите “Hey Cortana, opening marketing deck” или “Hey Cortana, open budget Excel from Anthony”, а можете и да “ја замолите” да го отвори последниот користен документ од Word или од Excel програмите.
Секако, сево ова функционира доколку разговарате со Cortana на англиски јазик ;) , но да бидеме фер – истото правило важи и за сите други виртуелни асистенти со поддршка за гласовни команди.