Омнибус

Решенија за Владите;
Киа Спортаж - втора генерација на рекреативно спортскиот теренец;
Новите ѕвезди на EuroNCAP;
Касини го фати прометеј на дело;
Нова соработка на ХП со Панасоник;
Отворениот софтвер со помалку дупки од конкуренцијата;
Нова сигурносна дупка во интернет интернет пребарувачот - MSIE;
Елонгација (конјукција, транзит, окултација, опозиција, квадратура);
Пронајдена е маглина со аматерски телескоп;


Аеронаутика

За секого овој јапонски збор има значење на самоубиец, што е вистина, меѓутоа овие самоубијци својот живот го жртвувале од едни многу повозвишени причини. Луѓето, коишто како "камиказе" го положувале својот живот за татковината не го правеле тоа од очај, туку поради својата чест, невидена гордост, патриотизам и самопожртвуваност.


Астрономија и астронаутика

Најчудните, најекстремните и најлошите временски услови не се оние на Земјата. За да се уверите во тоа, посетете ја екстремно жешката Венера или вечно ледениот Плутон. Сакате малку ветер? Џиновските планети Сатурн и Нептун навистина ќе ве "однесат"


Астрономија и астронаутика

Овој месец нема да има ништо посебно на небото над Македонија, освен прекрасните Сатурн и Јупитер. Сепак, најубавото од сите неба - зимското, вреди да се искористи, па за оние кои имаат оптички помагала, би ги препорачал секогаш интересните т.н. Месие објекти (од истоимениот каталог). Овој каталог изобилува со објекти од длабокото небо, и многу од нив лесно се забележуваат и изгледаат прекрасно низ аматерски телескоп, или со помош на едноставен двоглед.


Астрономија и астронаутика

По повеќе од 15 години трпеливо планирање, 7 години долг пат и 3 недели на осамен лет, на 14 јануари сондата Хајгенс пристигна на својата цел - Титан. Мисијата, која ја испланира и ја изведе Европската вселенска агенција (ЕСА) во тесна соработка со НАСА, заврши со успех, откривајќи ни еден нов свет и поместувајќи ги границите на достигнувањата во истражувањето на Сончевиот систем.


Аудио и видеотехника

Со овој напис ЕМИТЕР започнува со серијата "Во посета на аудиостудијата низ Македонија". Основна цел на оваа серија е да се фрли светло врз техничките аспекти што ги карактеризираат студијата во кои ќе гостуваме: акустичките особености, техничката опременост, човечкиот фактор кој ракува со опремата, референци итн.


Аудио и видеотехника

Активниот сабфувер W600 на фирмата CAV е како нарачан за оние љубители на сараунд звукот кои не сакаат ништо помалку од полн и комплетен звучен спектар - токму таков каков што подразбира еден вистински звучнички сараунд комплет.


Аудио и видеотехника

Како и во другите гранки од технологијата, така и во видеотехниката голем замав зема дигиталната технологија која покрај намалување на димензиите на уредите, нуди далеку подобар квалитет на снимениот материјал во споредба со аналогните уреди со слична цена. Освен тоа модерните преносни дигитални камери нудат и можности за едитирање на видео материјалот, опција која претходно беше привилегија за сопствениците на скапи уреди за обработка на видео материјали.


Биологија

Од сите научни сознанија за природата на светот, демистификацијата на потеклото на живиот свет делува најсилно на верските чувства. Поради тоа, Дарвиновата теоријата за еволуцијата и денес е мета на најжестоки напади од религијата. Антидарвинизмот силно се пропагира и кај нас. Така, неодамна е промовирана книгата на д-р Иван Грозданов: "НЕ на еволуцијата, ДА на Библијата", во издание на "Откровение" - издавачка куќа на Библиски центар Божилак.


Електроника

Сега, кога располагате со доволно знаење за стандардниот ТВ-приемник од аналоген тип, ќе можете да се фатите за поголем залак, а тоа е микропроцесорски управуваниот ТВ-приемник. На почетокот се изнесени општи карактеристики на еден микропроцесорски контролиран приемник, а понатаму следува детална анализа на приемникот "Edison - Continental" со совети за негова поправка и нагодување.


Електроника

Станува збор за уред кој на матрица од светлечки диоди испишува текст со претходно програмирана содржина. Покрај едноставното испишување на текст, програмата вградена во микроконтролерот има можност да изведе и некои ефекти како: движење на прикажаниот текст нагоре, надолу и во лево, инверзија на прикажаната содржина на матрицата и некои други ефекти.


Енергетика

Во овие зимски денови, кога сметките за потрошената електрична енергија предизвикуваат сериозни потреси во буџетите на секое семејство, сé поатрактивна се покажува можноста да се дојде до некој киловат час бесплатна енергија со вградување на фотонапонски систем во својата куќа, викендичка или деловен објект. Текстот што следи ќе ве упати во основните елементи и карактеристики на оваа технологија, како и во фотонапонските системи кои се нудат во Македонија.


Информатика

Складирањето на податоците станува неминовност уште од самиот почеток на употребата на компјутерите. Со текот на развојот на компјутерската технологија, се јавува и потреба за пренесување на податоците од еден на друг компјутер. Согласно на тоа, компјутерската историја бележи разни направи за складирање и пренос на податоци. Во овој текст ќе можете да прочитате кратка историја на уредите наменети за складирање и чување на податоци, со поопширен осврт на современите денешни технологии.


Информатика

Колку повеќе сте поврзани на Интернет, толку е поголема и опасноста за вашиот компјутер. Вируси, црви, тројанци... никогаш не се знае со што може да се зарази вашиот компјутер. Секојдневната опасност од зараза бара одредени мерки за заштита. Најдобар начин за заштита се антивирусните програми. Денес постојат многу антивирусни програми, а овој напис ќе ви помогне да ја изберете вистинската за вашиот компјутер.


Информатика

Зошто би имале потреба од нагодување на регистерот?


Информатика

PictureMate не претставува само уште еден фотопечатач од угледната компанија Епсон. Тој е дизајниран за секој корисник да може печатењето на фотографии со висок квалитет да го прави во својот дом.


Информатика

Многу пати досега сум пишувал за хибридните самоподигнувачки ЦД-а и позитивните карактеристики кои корисниците можат да ги извлечат и искористат од нив. Некои од ваквите типови на ЦД-а имаат и реална практична примена во секојдневната работа, како, на пример, на еден систем-администратор. Во продолжение на текстот ќе ви ја презентирам хибридната Линукс околина Linux Defender v. 1. 5. 6 Live базирана врз веќе добро познатиот Knoppix.


Информатика

Доколку барате скенер чиишто перформанси ќе можат да се рамнат со оние на професионалните уреди, а притоа имате ограничен буџет, Fujitsu ScanSnap е вистинското решение. Скенерот е одличен за т.н. мали и средни бизниси и овозможува брз и, што е најважно, едноставен метод на конвертирање на информациите кои се наоѓаат на парче хартија во дигитален формат (Adobe PDF) и тоа со притискање на едно единствено копче.


Телекомуникации

Во еден од минатите броеви на ЕМИТЕР (1/04) се запознавме со АДСЛ-от, како технологија за брз Интернет. Во овој број ќе можете да се запознаете со кабелскиот Интернет, како конкурентна технологија на АДСЛ-от, кој и кај нас веќе станува реалност.


Автомобилска техника

Во вториот дел од серијалот написи за изработка на картингот комплетно ќе биде прикажана изработката на предното потпирање. За разлика од изработката на шасијата, каде што соодветните делови (цевчиња) сами ги подготвувавме, од сега па сé до крајот на оваа серија на написи за изработка на картингот, деловите кои ќе бидат прикажани во техничката документација е потребно да се изработат во некоја подобро опремена металостругарска работилница.


Електроника

Со овој евтин електронски термометар во секој момент ќе можете да ја проконтролирате температурата на водата за капење на вашето бебе или да ја следите температурата на водата во домашниот аквариум.


Електроника

Поради непостоењето на мемориски ефект, двојно поголемиот капацитет и други подобри карактеристики, Ni-MH батериите постепено ги заменуваат Ni-Cd батериите. И покрај сличните карактеристики, не е дозволено полнење на Ni-MH батерии со полнач наменет за полнење на Ni-Cd батерии. Полначот што ќе биде опишан спаѓа во групата на "smart chargers" или интелигентни полначи, затоа што не дозволува преполнување на батериите.


Електроника

Дополнителните халогени светилки сé повеке се користат во автомобилите поради пријатната боја и високата ефикасност. Единствен недостаток им е високата цена. Во споредба со обичните светилки кои се користат во автомобилите, би требало да бидеме позадоволни во однос на времетраењето, но во пракса не е сосема така. Моментот кога тие прегоруваат е моментот при вклучувањето кога влакното е ладно и има многу мал отпор отколку при загреано влакно.


Писма
Посилен мотор за картингот
Новиот емитер е скап, а стариот подобар?
Цртање на шеми во Corel DRAW
Адаптер за BOSS-педала