Научниците од американскиот Национален институт за истражување на човечкиот геном откриле дека на нашата кожа во просек живеат околу 18 соеви и 205 вида бактерии. Многу бактерии има на сувите делови на кожата, како што е подлактницата, каде што ги има околу 44 вида, а најмалку живеат, на пример, зад ушите! Некои од нив се штетни, но голем број од нив не се, туку напротив. Најмногу микроорганизми живеат во нашите црева, а сите заедно тежат околу еден килограм.