Автомобилска техника

Ова се едни од многуте непријатни дефекти затоа што сме затекнати со возилото на пат, каде што е тешко да најдеме помош: едноставно, се наоѓаме "во небрано". Но, за среќа, не мора да е сé така црно и беспомошно како што изгледа на прв поглед. Во таа смисла, ќе се обидам да ги посочам и протолкувам карактеристичните и најчесто присутни дефекти во овие случаи и како на пат да го оспособите вашиот мотор за да продолжите со патување до саканата дестинација.


Аеронаутика

Су-32 ќе стане главен ловец-бомбардер во фронтовската авијација на руското воено воздухопловство, воедно заменувајќи дел од застарените, но добри летала Су-24 и Ту-22М3. Благодарејќи на големиот борбен радиус, современото оружје и електронската опрема, Су-32 поседува можност за борбено дејствување длабоко зад непријателската линија.


Астрономија и астронаутика

Изградбата на постојана човечка населба на Месечината претставува прв логичен чекор во експанзијата на човештвото во космосот. Некои луѓе велат дека вакво нешто е само непотребно фрлање пари, но своевремено истите критики биле упатени и за патувањето на Кристифер Колумбо.


Физика

Празниот вселенски простор-вакуум не беше отсекогаш мистичен, каков што е денес. Некогаш на него физичарите гледаа како на безлична празнотија во која апсолутно нема ништо, но со "раѓањето" на квантната физика работите се изменија: се откри дека "ништото" (вакуумот), сепак, содржи "нешто".


Аудио и видеотехника

Брзо, сигурно и објективно мерење на квалитетот на сликата базирано на човечкиот модел на гледање, мерења на квалитет на слика на HD и SD формати, компарација на квалитет на слики со различна резолуција (HD и SD), мерење во различни конфигурации по желба на корисникот, автоматско мерење со различни опции на приказ на резултати, мерење пред конечно инсталирање на системот, тестирање на секвенци и др., се можности или подобро речено подобности што ги дава PQA500 на Textronix, уред каков што ода


Информатика

За Windows регистрите, драги мои, сигурно повеќето од вас имаат слушнато. Секако, повеќето од вас слушнале и за едиторот на регистрите (Windows Registry Editor), кој овозможува разгледување и промена на поставените вредности во истите. Со овој алат може да се коригираат разни грешки кои се јавуваат при работа на Windows, но при невнимателна работа со регистрите можно е и целосно онеспособување на оперативниот систем.


Телекомуникации

Во минатите два броја на вашето омилено списание ЕМИТЕР се запознавте со техничките правила и критериуми кои се однесуваат на радиодифузијата, а кои важат за студијата и за радиопредавателите. Во последната епизода од овој мини серијал ќе се задржиме на техничките правила кај предавателниот дел на телевизиите.


Фототехника

На прагот сме кон потполна дигитализација на фотографијата. Ова е период на споредба на карактеристиките на аналогната со дигиталната фотографија, па оттука произлегуваат голем број прашања кои ги поставуваат не само почетниците туку и врвните мајстори на фотографијата. Едно од најчесто поставуваните прашања е: Зошто мојот дигитален апарат е толку бавен?


Омнибус

И оваа година, најпрестижната саемска манифестација ТЕХНОМА 2008, која години наназад се одржува на Скопскиот саем, привлече големо внимание. Во периодот од 14 до 18 октомври, бројните посетители имаа можност да се запознаат со многу компании од разни области на индустриското стопанство. ТЕХНОМА 2008 со право можеме да ја наречеме најголема промотивна манифестација од овој тип во нашата држава.


Аудио и видеотехника

Современо конципиран, децентно и елегантно дизајниран, овој систем за домашно кино на Самсунг се наметнува како одлична опција за заокружување на центарот за аудио и видеозабава во домот. Иако, првенствено, е замислен како дополнување со комплементарно дизајниран телевизор од серијата 6 на истиот производител, се разбира дека Самсунг HT-X715 може одлично да се снајде и во поинакво замислено опкружување.


Аудио и видеотехника

На 1. и 2. октомври во Скопје компанијата Sony после подолга пауза, имаше презентација на дел од својата најнова опрема. На презентацијата која беше доста посетена, а што е уште една потврда за реномето на производите на оваа фирма во Македонија, беа презентирани производите HVR 5ZE и HVR 7ZE, HDCAM EX1 и EX3, F23 и F35 камери од палетата CineALTA, електронски камери наменети за филмска продукција и друго. Презентацијата беше поврзана и со 29.


Електроника

Поплавата е една од незгодите која секогаш е подобро да се спречи отколку да се лечи. Но, сепак, и покрај сите преземени мерки на претпазливост може да дојде до протекување. Списокот на можни виновници е долг: пукнато црево од одводот на машината за перење, заборавена славина за полнење на кадата, скршено стакло од аквариумот, расипан бојлер... и да не редиме понатаму. Во секој од овие случаи е корисно предупредувањето да стигне што побргу, за нанесената штета да биде што помала.


Електроника

Претставеното коло е прекинувач со две состојби на спроведување. Кратковремениот притисок на само еден тастер ја менува состојбата на вклучено и исклучено. Изведбата е со три транзистори, релеј и неколку дополнителни компоненти.


Електротехника

Рачната дупчалка е алат кој веројатно е најраспространет и најупотребуван од многу занаетчии, но исто така своето место го наоѓа и кај домашните корисници - хобисти. Светски реномираните призводители на електричен алат нудат разни типови на рачни дупчалки, а еден од неизоставните модели, секако, е батериската дупчалка. Компанијата Makita, исто така, има свои производи кои се во самиот врв на ваков тип алати.


Информатика

Кога се спомнуваат ECS и/или Elitegroup, веднаш асоцијацијата е на матични плочи од пониската и средната категорија. Со моделот A790GXM ECS се обиде да направи исчекор кон повисоките категории. Може ли со овој модел барем да се приближи на неприкосновените ASUS, Gigabyte, MSI? Да погледнеме.


Информатика

Првите Phenom процесори кои се појавија минатата година целосно потфрлија и ја поставија дилема - дали АМД ќе се врати на старите позиции? Дилемата не траеше долго - брзата реакција и елиминацијата на TLB багот ги покажаа вистинските можности на четиријадрените процесори на АМД. Пред нас е новата четиријадрена генерација на АМД Phenom. Подобрено јадро (B3 ревизија), елиминиран TLB баг, 65 nm литографија. Дали е сето ова доволно за колку-толку рамноправна трка со Интел? Да видиме.


Информатика

Чипсетот P45 може да се смета како наследник на успешниот и веќе во голема мерка застапен на пазарот - P35 чипсет. Практично се работи за чипсет изработен со 65-нанометарска технологија (P35 е изработен со 90-нанометарска технологија) кој нуди мноштво подобрувања и нови карактеристики во однос на својот претходник. Со кодно име "Eaglelake", чипсетот P45 е дизајниран за маинстреам пазарот.


Информатика

Опцијата за валидација во Excel е навистина корисна алатка при внес на податоци. Слободно може да се каже дека со неа ќе може да се ограничи и да се спречи внесување каков било тип на податоци во ќелија или група на ќелии преку однапред дефиниран ранг на броеви или должина на стринг, листа на дозволени вредности и слично.


Фототехника

Olympus SP 570UZ со широкопојасниот дваесеткратен оптички зум поставува нови мерила и стандарди во категоријата на ултразум дигитални фотоапарати.


Фототехника

Продолжува "Фотоемитер", нашата рубрика каде што читателите ги презентираат своите фотографии и при тоа освојуваат вредни награди, но истовремено преку коментарите и советите од нашиот фотоселектор имаат и можност да ги подобрат своите фотографски вештини. Во овој број за најдобри се прогласени фотографиите на Елена Бошковска, Гордана Аџиева и Енкел Дика, но уште неколку други се пласираа за завршната изложба.


Омнибус

Опсерваторијата Бјуракан и месечевите зраци;
Прва специјализирана Sony продавница во Македонија;
Alfa Romeo Mito - убаво, нема што!
Борба за "белиот меѓупростор";
"ESQUIRE" - прв весник со електронско мастило;
Ако досега не сте знаеле, сега знајте дека...
Нов извор на матични клетки;
53, државно првенство во категорија Ф-1-Х во јуниорска категорија;
Моќна супернова фатена во "мрежата";
Маглината Хеликс;


Електроника

Само најскапите рачни електрични брусилки од познатите марки имаат вградено кола за мек старт. Мекото стартување значително ги намалува трошоците за одржување на машината и го продолжува нејзиниот век. Во овој текст е опишан уред за мек старт кој не се вградува во машината, туку на него се приклучува која било машина. Со ова, секоја машина приклучена на уредот добива мек старт, дури и оние машини кои сé уште на пазарот немаат верзија со мек старт.


Електроника

Покрај двете основни функции, фазно филтрирање на несиметричниот шум и антифазно филтрирање на симетричниот шум, овој филтер истовремено го штити потрошувачот од висок напон и транзиенти во мрежните водови.


Електроника

Новогодишните и божикните празници се многу блиску, да не речам на прагот. За да ги почувствувате духовно повесело, традиционално треба да си набавите новогодишно-божикна елка и да ја украсите со соодветни украси и светилки. Во овој проект ви нудиме електронски лампион кој претставува многу интересен и симпатичен украс, од кој се надевам, ако го изработите, ќе бидете многу задоволни и вие и вашите најблиски.


Електроника

Дигиталните интегрирани кола се застапени во значителен обем во многу електронски уреди. Тие се среќаваат како во едноставни апарати за домаќинства, така и во сложени уреди во индустриски постројки, телекомуникациски системи, компјутери, медицински и многу други апарати. Во овој напис ќе бидат дадени, на наједноставен начин, нивните карактеристики и како да ги препознаете и примените.


Енергетика

Под Земјината кора постои слој од растопен камен наречен магма, каде што постојано се произведува топлина, претежно од природните радиоактивни материи, како што се ураниумот и калиумот. Постигнатата топлина на длабочина од 10 000 метри под површината на Земјата, содржи 50 000 пати повеќе енергија отколку изворите на нафта и природен гас во светот.


Информатика

Компјутерската графика од која се составени денешните кориснички интерфејси, пред сé, се состои од "обични" 2Д слики. Сепак, со посебни техники и методи ваквите слики може да изгледаат и како да се испакнати, односно да добијат видливост во длабочина. Повеќето од сликите кои се добиваат со овие методи, сепак, претставуваат само залажување на човечкиот визуелен систем дека станува збор за 3Д слика, но постојат и такви техники со кои може да се добие и реална 3Д слика, видлива од повеќе агли.


На граница на науката
Покрај планетата Марс, можни кандидати за евентуален живот се и Сатурновиот сателит Титан и Јупитеровиот Европа.

Една од најинтересните теми за размислување и мечтаење секако е можноста за постоење вонземен живот, по можност разумен, па уште и контакти со него, па уште и да личи на Џејн Фонда (филмот "Барбарела") или Ким Бесинџер ("Мојата маќеа е вонземјанин")... Сериозно, темата вонземен живот е на менито на секој интелектуалец гладен за интелектуална храна.


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате овој месец на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Овој месец ќе помине во знакот на минувањето на Месечината низ Плејадите.


Писма
Струјна заштита со избор на вредноста
Како до патент?
Како да поправам оштетени регистри?