Емитер 11/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Компјутерската графика од која се составени денешните кориснички интерфејси, пред сé, се состои од "обични" 2Д слики. Сепак, со посебни техники и методи ваквите слики може да изгледаат и како да се испакнати, односно да добијат видливост во длабочина. Повеќето од сликите кои се добиваат со овие методи, сепак, претставуваат само залажување на човечкиот визуелен систем дека станува збор за 3Д слика, но постојат и такви техники со кои може да се добие и реална 3Д слика, видлива од повеќе агли. Во овој напис ги разгледуваме најчесто користените техники на креирање на 3Д ликови: стереоскопи, мултипланарни дисплеи, просторни (volumetric) дисплеи и CAVE системи.
Со развојот на технологијата воопшто, сѐ почесто започнаа да се појавуваат иновативни начини на комуникација помеѓу електронските уреди и корисниците, како и на начинот на репродукција на дигиталните материјали. Секако, кога станува збор за компјутерите сѐ3Д дисплеи уште преовладуваат традиционалните WIMP кориснички интерфејси, но нови влезни и излезни уреди се развиваат речиси секојдневно. Како дел од иновативните излезни уреди се и дисплеите кои овозможуваат реален приказ на слика во три димензии т.н. 3Д дисплеи. Иако оваа технологија многу отстапува од традиционалниот начин на репродукција на дигиталните материјали, сепак, во последно време се забележува напредок во нејзиниот развој.
Еден од првите уреди кои се користеле за 3Д презентација на слики
3Д дисплеите својата примена, пред сѐ, ја наоѓаат онаму каде што е потребна реална презентација на одредени објекти и каде што точноста на репродуцираната слика е од витално значење. Типични примери се далечинското управување со возила и роботи во опасни околини, како и управување со медицински инструменти во внатрешноста на човечкото тело, како што се ендоскопите, на пример. Исто така, бројни се и т.н. CAVE системи кои овозможуваат комплетно одделување на корисникот од реалниот свет и негово целосно внесување во виртуелниот 3Д свет репродуциран од страна на дисплеите кои се наоѓаат околу него. Ваквите системи успешно се користат за образовни, научни и воени цели. Сепак, еден од најуспешните примери за имплементација на 3Д дисплеите е во презентација на проектите изработени со помош на CAD апликациите.
Иако досега се имаат појавено многу решенија за 3Д дисплеите, за ниту едно не може да се каже дека е комплетно прифатено од страна на корисниците.
Кога станува збор за поделба на 3Д дисплеите (или подобро кажано, поделба на техниките на креирање на 3Д сликите), повеќето дисплеи кои можат да се најдат на пазарот или, пак, сѐ уште се наоѓаат во фаза на испитување, можат да се класифицираат во две општи категории според начинот на кој ја репродуцираат 3-димензионалната слика: стереоскопи, мултипланарни и просторни дисплеи. Па да ги разгледаме одделно сите овие решенија...
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.