Рубрика: Информатика
Пристигнуваат холограми што можат да се допрат
Објавено на 09.04.2025 - 09:15

Холограм на автомобил што може да се допре и ротира

Шпанските инженери ги направија првите холограми во светот коишто можете да ги допрете и да манипулирате со нив. Со ова научната фантастика станувае реалност. Достигнувањето е детално опишано во трудот објавен неодамна на отворената истражувачка архива HAL.

„Она што го гледавме во филмовите и го нарекуваме холограми се типично волуметриски прикази“, вели првата авторка Елодиe Бoусбиб од Јавниот универзитет во Навара (UPNA). „Тоа се графики што се појавуваат во воздух и можат да се гледаат од различни агли без потреба од носење очила за виртуелна реалност. Тие се нарекуваат вистинита-3Д графика“.

Тимот вели дека постојат комерцијални прототипови на волуметриски дисплеи, како оние развиени од Voxon Photonics, со седиште во Јужна Австралија, и јапонската компанија Brightvox Inc. Но, овие дисплеи не можат да се допрат.

Свикнати сме на директна интеракција со нашите телефони, каде допираме копче или влечеме документ директно допир на прстот на екранот – тоа е природно и интуитивно за луѓето“, вели водечкиот истражувач Асиер Марсо, исто така од UPNA. „Овој проект нѝ овозможува да ја искористиме оваа природна интеракција со 3D графиката за да ги искористиме нашите вродени способности за 3Д-визија и за манипулација“.

Волуметриските дисплеи функционираат со проектирање на слики врз лист што брзо осцилира, наречен дифузер. Притоа се проектираат околу 2880 слики во секунда. Поради оваа голема брзина, сликата се манифестира како 3D објект. Вообичаено дифузерот е крут. Ова значи дека ако сакаме со рака да го допреме волуметрискиот дисплеј или ќе се повреди повредиме или ќе го скршиме самиот уред. Решението е да се употребат материјали кои не се толку крути. Проблемот е што „таквите еластични материјали се деформираат и бараат корекција на сликата“, вели Бoусбиб.

Тимот покажа дека сликите може да се коригираат со предвидување како треба да изгледа сликата, ако дифузерот не е еластичен, и со прилагодување на идните осцилации на еластичниот дифузер за да се приспособат манипулациите. Резултатот е виртуелен објект со кој може да се ракува природно.

Истражувачкиот тим кој успеа да направи холограми што можат да се допрат. Од лево кон десно: Ињиго Ескурдиа, Јосуне Сарасате, Унаи Фернандес, Елодие Боусбиб, Асиер Марсо и Иван Фернандес Фото: UPNA

На пример, фаќање коцка помеѓу показалецот и палецот за да се помести и ротира, или симулирање на од на нозе по површина со помош на показалецот и средниот прст“, велат од тимот. „Дисплеите во вид на ТВ-екрани и мобилни уреди се присутни во нашите животи за работа, учење или забава. Поседувањето на тридимензионална графика која би можела директно да се манипулира има примена во образованието – на пример, визуелизација и склопување на делови од мотор. Покрај тоа, повеќе корисници би можеле да комуницираат заедно без потреба од слушалки за виртуелна реалност. Практична примена дисплеите би нашле особено во музеите, на пример, каде посетителите би можеле едноставно да се доближат и да имаат интеракција со прикажаната содржина“.

Клучни зборови:
Холограм на автомобил што може да се допре и ротира

Холограм на автомобил што може да се допре и ротира Фото: Ињиго Ескурдиа 2025

Истражувачкиот тим кој успеа да направи холограми што можат да се допрат

Истражувачкиот тим кој успеа да направи холограми што можат да се допрат. Од лево кон десно: Ињиго Ескурдиа, Јосуне Сарасате, Унаи Фернандес, Елодие Боусбиб, Асиер Марсо и Иван Фернандес Фото: UPNA