Емитер 11/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Опцијата за валидација во Excel е навистина корисна алатка при внес на податоци. Слободно може да се каже дека со неа ќе може да се ограничи и да се спречи внесување каков било тип на податоци во ќелија или група на ќелии преку однапред дефиниран ранг на броеви или должина на стринг, листа на дозволени вредности и слично.
Што, всушност, работи валидацијата во Excel? Валидацијата во Excel нема да дозволи на корисниците да внесуваат невалидни податоци. Односно, може да дозволи, но само со порака која ќе им даде известување дека внесуваат невалиден податок или, пак, ќе им предложи начин каков тип на податок треба да биде внесен.
За кого е корисна оваа команда? Нормално, може да ја користи секој кој смета дека е важна за неговата работа, особено кога станува збор за внес на податоци. Најмногу, сепак, би им помогнала на оние корисници кои споделуваат Excel документи и притоа внесуваат различни податоци во еден ист документ, за да се обезбеди сигурност дека внесените податоци се точни.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.