Рубрика: Електроника
Мрежен филтер
Автор: Георги Ефтимов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Покрај двете основни функции, фазно филтрирање на несиметричниот шум и антифазно филтрирање на симетричниот шум, овој филтер истовремено го штити потрошувачот од висок напон и транзиенти во мрежните водови.

Во последните десетина години, електромагнетната усогласеност стана важен аспект во дизајнот на електричните кола. За разлика од минатото, кога дизајнерите имаа обврска да обезбедат ниско ниво на емисија и висок степен на нечувствителност на надворешен шум само за колата кои работат со многу високи фреквенции, денес таа обврска се однесува практично на сите електрични уреди. Европскиот пазар изобилува со комерцијални филтри по најразлични цени. Крајниот корисник секогаш се судира со два проблема кога, од понуденото изобилство, треба да направи избор. Прво, треба да го одбере вистинскиот филтер, а потоа одбраниот филтер да го експлоатира на начин кој, повеќе или помалку, ќе ги задоволи условите дадени во препораките на производителот. Од тие причини, логично се наметнува потребата за изработка на универзален мрежен филтер. За жал, и овде се наметнува еден проблем - универзалноста на филтерот може да се запази само со внимателен избор на компонентите.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК344
Кондензатори: 100nF, 470nF и 4,7nF (сите за 250Vac);
Калем: 2 x 5,6mH / 2A;
Варистори: 275V
 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.