Зголемувањето на телесна тежина кај луѓето е алармантно, особено кај помладата тинејџерска генерација и кај децата. Недвижењето, седењето пред компјутер и земањето брза храна си го прават своето. Како последица на тоа страда организмот, се јавуваат голем број на здравствени проблеми и болести. Страдаат речиси сите органи, индиректно или директно: срцето, крвните садови, џигерот, како и целиот систем за движење, од колената до петиците. Затоа сите препорачуваат: да се намали тежината!