Автомобилска техника

Сè е чудо во својата длабока суштина, а електриката е едно од најголемите чуда.


Информатика

Со најновите модели од највисоката и средната категорија Radeon повторно е на тронот. Петтата генерација поставува нови стандардни во поглед на квалитетот и перформансите, кои се на повисоко ниво од кога било досега. А Nvidia тивко подготвува контраудар. Играта на мачка и глушец продолжува со несмален интензитет.


Фототехника

Големата понуда на разна фотографска опрема на пазарот го прави тежок изборот на она што навистина ни е потребно. Уште повеќе, од преголемата понуда на истородна опрема од различни производители, често забораваме на лепезата раположиви алатки за одредена намена. За да ви ги олеснам маките, во ова продолжениеќе се обидам да ви дадам основни насоки на кои работи треба да се обрне внимание при изборот на соодветни филтри со цел да извршиме набавка базирана на нашите вистински потреби.


Астрономија и астронаутика

Со векови, астрономите ги имале само своите очи за набљудување и истражување на Универзумот. Колку едноставно и да изгледа, голото око е првиот инструмент во астрономијата. Тоа ни озвозможува да ги видиме повеќето планети и да го следиме нивното движење меѓу ѕвездите во текот на сезоните.


Астрономија и астронаутика

Фобос грунт е нова руска сонда која треба да слета на Фобос, месечина на Марс и да донесе примероци од тлото на Фобос назад на Земјата. Со оваа сонда Русија сака да се врати на полето на истражување на планетите со помош на беспилотни сонди.


Биологија

На крај сме на јубилејната година во која се одбележуваат 200 год. од раѓањето на Чарлс Дарвин и 150 год. од публикацијата на неговата книга "Постанок на видовите", со која тој ја промовирал Теоријата за еволуцијата. Но, како таа теорија стои денес, кога се знае дека некои најнови сознанија со кои во меѓувреме науката се збогатила, излегуваат од постоечката нејзина рамка која Дарвин ја поставил пред 150 год?


Електроника

Во првиот дел видовме како индуктивните сензори реагираат на електрично спроводливи материјали. За разлика од нив, капацитивните сензори реагираат на спроводливи и неспроводливи материјали. Во овој дел е биде прикажан начинот на нивното дејствување и примена.


Електроника

Во ова последно продолжение, накратко се опишани дигиталните контролери, нивната функционалност, како и погодностите и предностите што ги нудат во поглед на аналогните системи. Понатаму, изложен е еден општ пристап при изборот на погодни контролерски структури и нагодувањата на параметрите.


Информатика

Во претходниот број на ЕМИТЕР се запознавме со програмскиот јазик HTML кој служи за дефинирање на формата, содржината и функцијата на хипертекстуален веб-документ. Видовме како се пишуваат едноставни текстови, менувавме големина и стил на букви, избиравме различни фонтови и го порамнувавме текстот. Во овој текст ќе видиме како се прават табели, како се креираат листи а сето тоа и убаво ќе го "обоиме".


Информатика

Мноштвото формати кои постојат кај дигиталните слики како да внесуваат повеќе забуна одошто квалитет, а нивното непознавање често води кон поразителни резултати. Навистина треба добро да ги познаваме алтернативите за избор на еден од многуте формати за да не употребиме несоодветен формат кој ќе го деградира квалитетот на нашата дигитална слика пред воопшто да бидеме свесни за тоа. За да го олеснам изборот, денеска ќе обработам еден од најприсутните формати: GIF.


Телекомуникации

Во ова последно продолжение е разгледан принципот на адаптивно формирање на зраци. Понатаму е изложена една конкретна имплементација на тест-приемник кој користи линеарно антенско поле. Неговата структура не е иста како и на реалните интелигентни антенски системи, меѓутоа принципот на работа е ист. На крајот е продискутирано за примената на смарт антените со постоечките апликативни стандарди.


Архитектура и градежништво

Трошоците при градба на ѕидови со надворешна изолација се приближно исти со трошоците на ѕидови со изолација во средина или одвнатре. Меѓутоа, енергетската ефикасност, долготрајноста на конструкциите и угодната микроклима за престој во објектите им дава предност на ѕидовите со надворешна изолација далеку пред останатите два случаја.


Омнибус

Оваа година, пет од тринаесетте Нобеловци се жени, што воедно е и најголем број на жени кои ја добиваат оваа награда во една година. И овој пат, лепезата на областите во кои работат лауреатите е извонредно широка – од методи за заштита и дешифрирање на ДНК, до воспоставување на глобални мрежи за комуникација и меѓународна дипломатија. Следуваат повеќе детали за секој од Нобеловците.


Аудио и видеотехника

UltraScope на Blackmagic Design е најновиот производ на компанијата кој беше прикажан за прв пат на NAB2009. UltraScope на Blackmagic Design е уред за контрола на брановите облици (waveform monitoring) базиран на PC. Од производителите и од корисниците е оценет како "револуционерен" по своите можности и доби неколку престижни награди.


Аудио и видеотехника

Како што е познато илјадници луѓе имаат многу часови снимени материјали на VHS ленти или на Видео-8 кои веќе заминаа во историјата. Овој факт претставува опасност многу снимки од родендени, венчавки и други важни настани да се загубат засекогаш! Решението доаѓа од Blackmagic Disigne во едноставниот Video Recorder за само 149 американски долари!


Аудио и видеотехника

VOPEX HDTV Audio/Video Splitter/Extender via CAT5 е идеален за системи каде е потребно да се дистрибуираат видеокомпонентни сигнали со висока резолуција заедно со аналогни стерео-аудиосигнали и истите да се транспортираат на долги дистанци до поголем број на видеодисплеи и звучници. Уредите меѓусебе се поврзани преку CAT5/5e/6 кабел на далечина поголема од 180 метри.


Електроника

Ако сакате да направите волтметар, а немате индикаторски инструмент, за индикација на напонот наместо инструмент можете да употребите ЛЕД диода и потенциометар. Од вредноста на мерниот напон и положбата на лизгачот на потенциометарот зависи кога ќе засвети ЛЕД диодата. Ако се изврши баждарење и се исцрта скала околу потенциометарот тогаш ќе можат да се мерат напони од 2 до 10V со точност од 0,1V.


Електроника

Понекогаш е потребно кај некои детски играчки да доградите некој светлосен ефект (на пример, кај "Пожарна"- камионче), а со тоа да го привлечете вниманието кај децата. Исто така, овој светлосен трепкач може да најде примена и на други места по ваш избор.


Информатика

На 29 октомври излезе и беше достапна за секого новата верзија на Убунту ГНУ/Линукс оперативниот систем – Убунту 9.10 чие кодно име е Кармик Коала (Karmic Koala). Убунту 9.10 воведе низа промени, со цел да овозможи полесно извршување на секојдневните работи, како и уживање во оперативниот систем...


Информатика

Гигантот Microsoft во својата палета на производи има софтвер за разни намени. Можеби затоа и не е чудно што овој пат програмерите од Редмонд се испробаа во делот за компјутерска сигурност. А зошто и да не, ако тргнеме од фактот дека тие самите и најдобро ги познаваат своите оперативни системи и можните пропусти во нив. Се работи за пакетот Microsoft Security Essentials Beta кој е наменет за заштита од вируси, тројанци, црви, спајвер и други малициозни штетни програми.


Информатика

Новата гама на Интелови процесори со кодно име Lynnfield – Intel i5 и i7 процесори моментално се најдобар избор за PC ентузијастите и закоравените гејмери. Единствениот чипсет кој моментално може да работи со овие процесори и е достапен на поширокиот круг на производители на матични плочи е Интеловиот P55 чипсет.


Информатика

Како што најчесто се случува, новиот и брз компјутер со текот на времето почнува да ги губи своите перформанси и да работи побавно. Причините за ова можат да бидат разновидни, почнувајќи од големиот број на инсталирани програми и сервиси, па до разни малициозни програми. Сепак, ретко кој помислува дека оваа појава може да биде и поради застарените и веќе несоодветни управувчаки програми – драјвери за постоечкиот хардвер.


Омнибус

Брзајќи низ универзумот;
Мултимедијален плеер на навивање;
Гневното сино сонце;
Нов тип на CMOS сензор;
17. интернационален фестивал Камера 300;
Звучници од фолија;
Дарвиновата парадигма;
Произведен најтенкиот вентилатор;
Откриена јаглеродна атмосфера околу неутронска ѕвезда;
Рено закажа промоција на своето прво сериско 100% електрично возило;
Стоп за видеопиратите?;
Произведен мал апарат за дијализа;


Годишен индекс

Рубриката Годишен индекс ви овозможува преглед на сите написи објавени во тековната година систематизирани по азбучен ред и научни области. Кога ќе го лоцирате насловот на написот кој ве интересира едноставно следете ги точките и дознавате во кој број на ЕМИТЕР тој бил објавен во тековната година и на која страница. Годишниот индекс е особено практичен прилог за читателите кои ги чуваат (укоричуваат) примероците од цела година.


Електроника

Во претходниот број се запознавте со работните режими на електронскиот товар ELD-05. Сега следуваат детални упатства за негова изработка, почнувајќи од набавка на потребниот материјал, составување и вградување во кутија до завршно тестирање на уредот. На крај има и мноштво совети за употреба на овој електронски товар.


Електроника

Автоматот за училишно ѕвонче претставува хардверско решение на електронски уред кој автоматски ќе извршува ѕвонење на училишното ѕвонче, со што ќе го означува почетокот и крајот на училишниот час и одморите помеѓу часовите. Во споредба со софтверските решенија, уредот е релативно поедноставен. Изграден е од еден тајмер, два декадни бројачи и една "И" (AND) порта.


Писма
Двојна топлинска изолација
Изработка на ППК со фотопостапка
Моќни отпорници за испитување на засилувачи
Пренос на видеосигнал преку 230V мрежа
"Мистерии" поради мистерии!
Свртница за 250W звучник