Автомобилска техника

Сончевата енергија за сега не претставува сериозна замена за конвенционалните горива кај автомобилите, но трките со автомобили на соларен погон се вистински предизвик за инженерите - дизајнери на вакви автомобили. Во овој текст е разгледано решението на холандскиот тим Solar Team Twente, кој се надеваше дека нивниот автомобил ќе го освои купот World Solar Challenge 2007 што се одржа на 21 октомври 2007 во Австралија.


Аудио и видеотехника

Дали сакате да имате звучник "убав како слика"? А звучник како слика? А двете? Овој проект ви овозможува да направите звучник во форма на слика (убав, исто така), наменет за поставување на ѕид, како и секоја слика. Наречен е, многу соодветно, Picasso. Иако овој звучник е дебел само 85 mm, визуелно дава впечаток дека е уште потенок - колку рамката, благодарејќи на добро осмислената конструкција.


На граница на науката

Дали постојат вонземни космонаути кои со "летачки чинии" крстосуваат низ вселената и ја посетувале и сé уште ја посетуваат нашата планета Земја? Дали многубројните сведоштва за Неидентификувани летачки објекти (НЛО) се доволен доказ? За расветлување на мистеријата наречена НЛО во 12 продолженија ќе се погрижат нашиот најпознат уфолог, г.


Телекомуникации

Одамна е поминато времето кога ориентацијата низ просторот се правела според распоредот на ѕвездите. Ако до пред неколу години беше потребна обука за читање на ознаките по картите и умешност при ориентацијата со компас, во денешно време процедурата на навигација е значително олеснета со користење на GPS уредите. Иако мрежата од сателити, пред сé, е создадена за воени цели, во последните неколку години таа наоѓа и масовна комерцијална употреба.


Астрономија и астронаутика

Крајот на шеесеттите години од минатиот век на голема врата влегува во светската историја на космологијата. Човек се спушти на Месечината а по него уште 11 луѓе прошетаа по Месечината, од кој шестмина дури и се провозеа по неа. Беа донесени и околу 388 кг камења и песок од таму. Иако програмата Аполо започна неславно со несреќата на Аполо 1 во која загинаа тројца космонаути, сепак, оваа програма спаѓа во редот на успешните програми на НАСА.


Електроника

Чекорен (степ) мотор - зачудувачки едноставен, со ниска цена, голема доверливост и голем момент при мали брзини, тоа е погонски уред кој има широка примена. На барање на нашиот читател Томе Симовски, во текстот што следува е разјаснет неговиот принцип на работа и неговата конструкција.


Електроника

Поздрав до господинот што чита само странски списанија за електроника, бидејќи се "подобри". Ако во меѓувреме решил да фрли некое денарче за ЕМИТЕР, оваа комбинација на странски проект и домашна апликација сигурно ќе го изненади. Се надевам дека истовремено и ќе го израдува ова електронско коло за сигнализација на мраз на патот.


Електроника

Новогодишните и божиќните празници веќе се на прагот, односно само што не пристигнале, поради тие причини се потребни некои подготовки за поуспешен и посвечен дочек. За да ја разубавите божиќната и новогодишната ноќ, а и да внесете голема радост кај децата, пријателите и соседите, ви препорачувам да ја изработите "Божиќната ѕвезда", која детално е опишана во овој проект.


Електротехника

Заштитата од удар на гром е поважна од кога и да било порано. Сите современи електронски уреди се осетливи на пренапоните кои се јавуваат при атмосферски празнења, па затоа е потребна надворешна и внатрешна инсталација за заштита од гром и уреди за заштита од пренапони. За таа цел постои широка лепеза на производи, но за нивна примена се потребни и соодветни знаења. Се надеваме дека овој напис ќе ви биде од голема помош.


Информатика

Кога ќе се спомене компанијата Hewlett-Packard, неизбежна е констатацијата дека во нивната понуда на печатачи може да се најдат модели за различни типови на корисници. Нивниот нов модел HP Officejet K7100, кој овој месец пристигна за тестирање во нашата редакција, претставува одличен избор за корисниците кои имаат мал и среден бизнис.


Информатика

Ако се свртиме наназад неколку години, ќе забележиме еден позитивен тренд на опаѓање на цените на овој вид монитори. Силната конкуренција го направи своето, напредокот на технологијата исто така, па крајниот купувач како никогаш досега е на "слатки маки" - кој модел од кој производител да го избере. Целта на овој текст е токму тоа, да се помогне колку-толку во изборот, низ преглед на актуелните LCD модели кои можат да се сретнат по нашите фирми.


Информатика

Почитувани, го започнавме и третото продолжение од серијалот написи за C++ структурното програмирање. Во ова продолжение ќе се обидам да ви објаснам како функционираат циклусите од типот на FOR и WHILE. Циклусите се најверојатно едни од најупотребуваните програмерски концепти од нивното постоење. Постојат толку многу апликации на овие циклуси што е речиси невозможно да се набројат. Во продолжение на текстот ќе се обидам да ви ги разјаснам основите на овие циклуси.


Информатика

Според многу корисници кои имаат потреба од често преснимување на CD/DVD/HD медиуми, пакетот Nero на германската компанија Nero AG, отсекогаш се наоѓал на врвот, наметнувајќи се како потполно и комплетно решение за преснимување и креирање на мултимедијални содржини. Новата осма верзија на овој "култен" програм, наречена едноставно (и не баш инвентивно, но зарем е тоа важно) Nero 8, доаѓа со нов кориснички интерфејс, нови карактеристики и различни апликации.


Медицина

Во научнофантастичниот филм "Фантастично патување" од 1966 година на Ричар Флечер е прикажана одисејата на тим научници кои во мини-подморница се намалени и се движат низ артериите на човечкото тело, обидувајќи се да отпуштат крвен сад кој не можел да се "поправи" оперативно. Неодамна на, па речиси, сличен начин научниците успеаја да дистрибуираат лек локално во телото на една свиња.


Физика

Работејќи на истражувања во ново подрачје на развој и подобрување на оптичките комуникации, Лене Вестергард Хау (Lene Vestergaard Hau) реализира чудни ефекти кај светлината: ја забави нејзината брзина на 17 m/s, реализира стоп и повторен старт на светлински зрак, трансформација на светлински зрак во материја и повторно регенерирање на зракот.


Фототехника

FZ18 е најновиот суперзум дигитален фотоапарат на Panasonic. Освен познатите својства кои се одлика и на другите апарати на Panasonic (објективи со ознака на Leica, Mega OIS оптичкиот стабилизатор на сликата и др.), негова главна одлика е моќниот 18x оптички зум.


Омнибус

Оваа година шведската кралска академија на науки Нобеловата награда им ја додели на 11 научници и творци и на една организација. Наградите речиси подеднакво беа поделени помеѓу државјани на Соединетите Американски Држави и Европската унија. Најмногу интерес побуди Нобеловата награда за мир, која доста неочекувано му беше доделена на Американецот Ал Гор. Со овогодинешните добитници, бројот на Нобеловите лауреати сега изнесува 797.


Автомобилска техника

C-Cactus е концептно возило производ на Citroën, марката за која веќе одамна оригиналноста, посебноста и автентичноста се препознатливи атрибути. Со овој концепт, Citroën прикажува малку поинаков пристап и ги истражува другите можности при осмислување на едно возило во кое акцентот е ставен на дизајнот и техниката, кои се во целосна согласност со актуелностите поврзани со заштитата на животната средина.


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате во следниот месец на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Овој месец ќе помине во знакот на доближувањето на Марс и Месечината.


Аудио и видеотехника

На многу фестивали, културни и спортски настани гледате цели "ѕидови"составени од голем број различни по содржина и големина слики. Ова задоволство за очите, ова комплексна содржина од видеоинформации го овозможуваат уреди кои содржат процесори за приказ на слики. Овие процесори можат да дадат содржини во повеќе простории. Можат да се користат за мониторинг и мастер контрола, а најчесто се користат како информативна сценографија.


Електроника

Иако припаѓа во сетот на пинцети за фаќање на SMD компоненти, смарт тњеезер или паметна пинцета, е уникатен патентиран дизајн, успешен спој на прецизна пинцета за селектирање на SMD компоненти и прецизен "он боард" инструмент за идентификација и мерење на отпорници, кондензатори и индуктивитети. Индикацијата е на LCD дисплеј во повеќе модалитети на работа: нумеричка, bar-graf и trace - осцилограм од напонскиот сигнал.


Електроника

Микрофонскиот предзасилувач, кој е опишан во оваа апликација, е предвиден за работа со нискоомски микрофони (од 200 до 600 оми) попознати како динамички микрофони (Dynamic Microphones). Се одликува со многу мал сопствен шум и големо засилување, кое може да биде над 200 пати.


Информатика

Појавувањето на преносните медиуми со флеш-меморија значеше и комплетна замена на компактните дискови и дискетите за префрлување на податоци. Популарно наречените "USB стикчиња" одлично си ја вршат работата кога треба да префрлате податоци од еден до друг компјутер, но кога станува збор за количина до 2GB. Што да се прави ако имате потреба од префрлање на 50-60GB или повеќе?


Информатика

Долго одложуваното пензионирање на i975X конечно се случи. Појавата на првите плочи базирани на новиот хигх-енд чипсет на Интел отвори ново поглавје - судејќи според традицијата, без сомнение богато и успешно. Дами и господа – X38!


Информатика

На почетокот на месец ноември, во просториите на Мултимедијалниот центар Мала станица во Скопје, се одржа манифестацијата наречена "Ден на Apple во Македонија". За сите верни обожаватели на Аппле, а уште повеќе за оние кои не знаат многу за компанијата и нејзините производи, ова беше вистинска можност да се запознаат со разни новини од повеќе области поврзани со американскиот гигант.


Метеорологија

Звучи парадоксално, но сепак е точно. Во површинскиот слој на атмосферата имаме поголемо количество на озон од нормалното, што се должи на аерозагадувачите. Ова "екстра" количесто озон е штетно по човековото здравје. Но, зошто, ако имаме вишок на озон, во горните слоеви на атмосферата се создаваат таканаречените озонски дупки? што претставуваат тие, како се формираат и кои се опасностите од приземниот озон е она за што ќе проговориме во овој напис.


Омнибус

Sony Cyber-shot DSC-T70;
Intel претстави седум нови Itanium процесори;
SMC семинар;
Камера 300 по 15-ти пат;
Нов ротациски мотор 16X Renesis;
Mozilla Firefox за мобилни уреди;
Заштедете електрична енергија со POWERSAFER;
Ферари го претстави FXX Evolution;
Сатурн во полусенка;
Intel Core 2 Extreme QX9650;
HP Photosmart D7460;
Четирите сонца на HD98800;
H-Racer;
Radeon HD 3000;


Годишен индекс

Рубриката Годишен индекс ви овозможува преглед на сите написи објавени во тековната година систематизирани по азбучен ред и научни области. Кога ќе го лоцирате насловот на написот кој ве интересира едноставно следете ги точките и дознавате во кој број на ЕМИТЕР тој бил објавен во тековната година и на која страница. Годишниот индекс е особено практичен прилог за читателите кои ги чуваат (укоричуваат) примероците од цела година.


Електроника

Можеби честопати ви се има случено кога го вклучувате вашиот ТВ-приемник или вашето ДВД и слични уреди преку далечинското, тие да не се вклучуваат. Во моментот не знаете во што е проблемот, дали се слаби батериите или далечинското не е исправно или, пак, се сомневате во приемникот што го вклучувате. За да ја разрешите оваа дилема на наједноставен начин, изработете го овој едноставен уред, така што со негова помош веднаш ќе ја разрешите дилемата во што е проблемот.


Писма
Не постои "Mистерија наречена НЛО"
Пофалби и предлози
Гуми за картинг
Напојување за автомобилски засилувач
Карактеристики на непознат бас-звучник