Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2007.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Sony Cyber-shot DSC-T70;
Intel претстави седум нови Itanium процесори;
SMC семинар;
Камера 300 по 15-ти пат;
Нов ротациски мотор 16X Renesis;
Mozilla Firefox за мобилни уреди;
Заштедете електрична енергија со POWERSAFER;
Ферари го претстави FXX Evolution;
Сатурн во полусенка;
Intel Core 2 Extreme QX9650;
HP Photosmart D7460;
Четирите сонца на HD98800;
H-Racer;
Radeon HD 3000;
TEKTRONICS MS04000 серијата, солуција за композитни сигнали;
Нов стандард за набљудување на PC-уреди;
Kenwood KVT-729DVD;
Русија ќе праќа космонаути на Месечината

КАМЕРА 300 по 15-ти пат
Во Битола во периодот од 29.10. до 1.11.07 се одржа јубилејниот XV по ред фестивал на аматерски (непрофесионален) документарен филм, Камера 300, Милтон Манаки. Овој јубилеен фестивал на 31.10.07 за отворен го прогласи Градоначалникот на Битола, господин Владимир Талевски.
Според одлуката на жири-комисијата во состав: Илинденка Петрушева - Македонија, Неделко Деспотовиќ - Србија и Панде Манолов - Македонија, од вкупно пристигнати 45 краткометражни филмови, 16 влегоа во официјална конкуренција, а 9 се наградени. Официјалната проекција се одржа во два дела, односно во два дена, при што за првпат се организира и вечер на Словенечкиот краткометражен филм во присуство на словенечкиот Конзул во Битола.
По проекцијата на филмовите беа доделени и наградите за најдобрите краткометражни филмови:
1. Златната камера беше доделена на филмовите "Убавините на Хомоље", "Нашето сегашно минато" и "Споменици на минатото", чиј автор е Љупчо Петровски од Битола, Македонија
2. Сребрената камера беше доделена на филмот "Просто како грав", на авторот Радован Џериќ, Србија,
3. Бронзената камера беше доделена на филмот " Будење на чувствата", на авторот Франц Копич од Словенија.
Покрај овие награди, најпрестижната награда Гран при ја доби филмот "In continuo", чиј автор е Стефан Сидовски од Скопје, Македонија.
Наградата за најдобра камера беше доделена на филмот "Следејќи ја водата" во обработка на Заифилм, Русија, кој доби посебна плакета од Општина Битола.
Посебни признанија добија филмовите: "Битолски извори на православието" од авторот Светислав Подлешанов од Битола, Македонија и филмот "Сам" на авторката Марија Дуковска, Кичево, Македонија
На крај, морам да споменам дека организаторот на овој јубилеен фестивал, Народна техника Битола, "Студио Милтон Манаки" со сесрдна помош на локалната самоуправа и работни организации овозможија овој фестивал да биде празник за љубителите на овој медиум. Факт е дека станува сè попривлечен за автори од странство и со право се нарекува интернационален фестивал.

Перица Поповски

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.