Рубрика: Електроника
Божиќна ѕвезда
Автор: Славко Стојковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2007.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Новогодишните и божиќните празници веќе се на прагот, односно само што не пристигнале, поради тие причини се потребни некои подготовки за поуспешен и посвечен дочек. За да ја разубавите божиќната и новогодишната ноќ, а и да внесете голема радост кај децата, пријателите и соседите, ви препорачувам да ја изработите "Божиќната ѕвезда", која детално е опишана во овој проект.

Електронското коло од овој проект функционира како едноставен генератор на светлински ефекти. Со соодветно аранжирање на лед диодите, кои даваат импресија на светлечка пулсирачка ѕвезда, ќе изработите соодветен декоративен “Божиќен” орнамент кој ќе овозможи голема радост кај децата, а ве уверувам и кај возрасните. Како што можете да видите од фотографиите во прилог, лед диодите се распоредени во форма на ѕвезда. Првата лед диода – жолта, светка во центарот, по неа светкаат лед диодите од внатрешниот прстен, понатаму светка следниот прстен итн., сè до крајниот излезен прстен. Секвенцата почнува од лед диодата сместена во центарот па сè кон надворешноста и одново се повторува, по што се добива многу интересен светлосен ефект. Брзината на светлинскиот ефект директно зависи од положбата на лизгачот на тримерот.

“Младинци”- електроничари, изработете ја оваа ѕвезда, ќе бидете воодушевени – еднаш е Божик и Нова Година во годината wink, тоа важи и за повозрасните  - понапредните електроничари, ќе ги воодушевите вашите деца, или за “ептем” повозрасните електроничари – стари борци, ќе ги воодушевите вашите внуци, синови и комшии smiley

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК238

ИК: 4017, 555
Лед диоди 49 в=црвени, 1 жолта

 

 
Магијата на Божиќната ѕвезда во акција
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина