Рубрика: Медицина
Фантастичното патување - реалност
Автор: Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2007.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сцена од научнофантастичниот филм 'Фантастично патување' од 1966 година

Во научнофантастичниот филм "Фантастично патување" од 1966 година на Ричард Флечер е прикажана одисејата на тим научници кои во мини-подморница се намалени и се движат низ артериите на човечкото тело, обидувајќи се да отпуштат крвен сад кој не можел да се "поправи" оперативно. Неодамна на, па речиси, сличен начин научниците успеаја да дистрибуираат лек локално во телото на една свиња.

"Фантастичното патување" во реалност го изведе тимот на Силвен Мартел, канадски истражувач во лабораторијата за нанороботика при Политехничката школа во Монтреал. Тие, слично како во споменатиот филм, успеја да маневрираат микроуред низ артериите на една свиња.

Силвен Мартел и неговиот тим во лабораторијата за нанороботика при Политехничката школа во Монтреал, Канада

За што се работи? Мини-подморницата од филмот во реалноста сега е капсула со додатоци на легура од хром и челик. Нејзиниот дијаметар изнесува 1,5 mm и тежи едвај нешто повеќе од стоти дел од грамот. Оваа големина и овозможува на капсулата да се движи непречено низ артериите со просечна големина како што е, на пример, каротидата, чиј пречник е 4 mm. Патувањето низ ситните крвни садови со големина од десетина микрометри или капилари со пречник од едвај 7 микрометри, како што тоа го прави мини-подморницата во филмот, со оваа капсула сè уште не е можно. Сепак, истражувачот Силвен Мартел смета дека може да го иствариу со намалување на големината на капсулата, правејќи неколку адаптации на техниките со кои се управува со оваа капсула. Но, токму тука лежат и вистинските предизвици при остварувањето на овој проект.

Канадската микрокапсула е само едно оружје во арсеналот на орудија со коишто современата медицина се бори против ракот. Во овој арсенал се наоѓаат и други теледиригирани орудија слични на канадската капсула или, пак, опремени со "глава за барање на целта", но поголемиот дел од нив се сè  уште далеку до употреба. Ова не е случај со автономните т.н. "проектили" коишто се наоѓаат во последната фаза на клинички испитувања пред нивната употреба.

Клучни зборови:
Сцена од научнофантастичниот филм 'Фантастично патување' од 1966 година

Сцена од научнофантастичниот филм 'Фантастично патување' од 1966 година

Сцена од научнофантастичниот филм 'Фантастично патување' од 1966 година

Сцена од научнофантастичниот филм 'Фантастично патување' од 1966 година

Силвен Мартел во лабораторијата за нанороботика при Политехничката школа во Монтреал

Силвен Мартел во лабораторијата за нанороботика при Политехничката школа во Монтреал

Сцена од научнофантастичниот филм 'Фантастично патување' од 1966 година

Сцена од научнофантастичниот филм 'Фантастично патување' од 1966 година

Силвен Мартел и неговиот тим во лабораторијата за нанороботика при Политехничката школа во Монтреал, Канада

Силвен Мартел и неговиот тим во лабораторијата за нанороботика при Политехничката школа во Монтреал, Канада

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.